Второзаконие 29 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Обновување на заветот.

1Тоа се зборовите на заветот, што Господ му заповеда на Мојсеја да го склучи со синовите Израилеви во Моавската земја, освен заветот што Господ го склучи со нив на Хорив.

2Тогаш Мојсеј ги повика сите синови Израилеви и им кажа: »Вие видовте сѐ, што направи Господ пред очите ваши во Египетската земја со Фараонот и со сите негови слуги и со целата земја негова;

3имаше искушенија големи, што ги видоа очите твои, и големи знаци и чудеса од силната рака и цврстата мишка Негова,

4но и до ден денес Господ Бог не ви даде срце за да разберете, очи да видите и уши да чуете.

5Четириесет години ве водев по пустињата, и облеката не изветве на вас, и обувките не се искинаа на нозете ваши;

6леб не јадевте, вино и сикер не пиевте, за да познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог.

7И кога дојдовте до ова место, излезе во борба против вас есевонскиот цар Сион и васанскиот цар Ог,

8но ние ги поразивме и им ја зедовме земјата нивна и Јас им ја дадов во дел на Рувимовото и Гадовото племе, и половината на Манасиевото племе.

9Пазете ги сите зборови на овој завет и исполнувајте ги, за да имате на ум сѐ, што правите.

10Сите вие застанавте денес пред Господа, вашиот Бог, началници на племињата ваши, старешините ваши, судиите ваши, надзорниците ваши, сите мажи Израилеви,

11децата ваши, жените ваши и придојдените, кои се во вашата населба, од дрварот ваш до водоносецот ваш,

12за да влезете во заветот на Господа, вашиот Бог, и во клетвениот договор со Него, кога Господ, твојот Бог, денес го склучува со тебе,

13за да те направи денес Свој народ, и да ти биде Бог, како што им се заколна на татковците твои Авраама, Исака и Јакова.

14Не само вам единствени ви го заветувам овој завет и овој договор со клетва,

15туку и на оние што денес не стојат овде со нас пред Господа, нашиот Бог.

16Зашто вие знаете, како живеевме во Египетската земја и како одевме сред народите, низ кои минавте,

17и ги видовте одвратностите нивни и идолите нивни, дрвени и камени, сребрени и златни, што се кај нив.

18Да нема меѓу вас маж или жена, дом или племе, чие срце би се отстранило од Господа, вашиот Бог, та да оди да им служи на боговите на оние народи; да нема меѓу вас корен, што ќе дава пелин и отров;

19и ако некој, кој, откако ќе ги чуе зборовите на оваа клетва, се пофали во срцето свое и каже: ‚добро ќе ми биде, иако одам по желбите на срцето свое‘; така грешникот нема да го погуби безгрешниот со себе.

20На таков Господ нема да му прости, но гневот и ревноста на Господа ќе се разгорат против тој човек, а врз него ќе падне целата клетва од овој завет, напишан во овој закон, и Господ ќе го избрише името негово под небото;

21и ќе го оддели Господ од сите племиња Израилеви за погубување, според сите клетви на заветот, напишан во овој закон.

22Тогаш подоцнежното поколение, децата ваши што ќе настанат по вас, и туѓинецот, што ќе дојде од далечна земја, откако ќе ги видат поразиите на таа земја и болестите што Господ ги испратил врз неа, ќе речат:

23сулфур и сол, е целата земја; на неа не може да се сее, ниту ќе роди, ниту ќе никне на неа некаква трева, како што стана во Содом, Гомор, Адма и Севоим, кои Господ ги опсипа со гневот Свој и јароста Своја.

24Тогаш ќе кажат сите народи: ‚Зошто Господ постапил така со таа земја? Колку голема е јароста на гневот Негов!‘

25И ќе одговорат: ‚Затоа што го оставија заветот на Господа, Бог на татковците свои, што им го вети на татковците нивни, кога ги изведе од Египетската земја,

26и отидоа да им служат на други богови и да им се поклонуваат ним, кои тие не ги знаеја, и кои Он не им ги беше одредил.

27Поради тоа се разгори гневот на Господа врз таа земја, и Он ги испрати врз неа сите клетви на заветот, напишани во оваа книга на законот;

28и ги сотре Господ од земјата нивна во гнев, јарост и голема лутина, и ги исфрли на друга земја, како што денес гледаме.‘

29Она што е тајно, му припаѓа на Господа, нашиот Бог, а она што е јавно – нам и на синовите наши довека, за да ги извршуваме сите зборови на овој закон.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help