2. Ездра 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Завршување и осветување на храмот. Празнување на Пасха и Бесквасници.

1Тогаш Сисиниј војводата на Кили-Сирија и на Феникија, и Ситравузан и другарите нивни, следејќи го заповеданото од царот Дарија,

2го зедоа при срце светото дело, помагајќи им на старешините и на свештеноначалниците јудејски.

3И светото дело напредуваше успешно, при пророштвата на пророците Агеј и Захарија.

4И завршија сѐ по заповедта на Господа, Бога Израилев, и по волјата на Кира, Дарија и Артаксрекса, цареви персиски.

5Сѐ заврши светиот дом на дваесет и третиот ден на месецот Адар, во шестата година на царот Дариј.

6И синовите Израилеви, свештениците, левитите, и другите, кои се вратија од пленство, што беа поставени при храмот, извршија сѐ според напишаното во Мојсеевата книга.

7И принесоа жртва за обновување на храмот Господов сто вола, двесте овни, четиристотини јагниња,

8дванаесет козли за гревовите на сиот Израил, според бројот на дванаесетте колена Израилеви.

9А свештениците и левитите стоеја по родовите во одежди при службата на Господа, Бога Израилев, согласно со Мојсеевата книга, и вратарите при секоја врата.

10И вратените од пленство синови Израилеви правеа Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец, откако се очистија свештениците и левитите заедно.

11А исто така и сите синови од пленството, бидејќи се очистија: сите Левити се очистија заедно.

12Па заклаа пасхални јагниња за сите синови од пленството, за браќата свои, свештеници, и за себеси.

13па пајдеа синовите Израилеви, вратени од пленство, сите што се отклонија од гнасотиите на народите од онаа земја и го побараа Господа.

14И Го празнуваа празникот Бесквасници седум дена, радувајќи се пред Господа,

15затоа што Он го сврте кон нив срцето на асирскиот цар, за да ги поткрепи рацете нивни за службите на Господа, Бога Израилев.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help