1О смрт, колку горчливо си спомнува за тебе оној, којшто задоволно живее на својот имот;
2Човек што спокојно живее и напредува во сѐ и кој уште може да јаде и да пие!
3О, смрт, твојата пресуда е утешна за оној што страда и што сили нема,
4За престарен и затрупан со грижи, за оној што загубил надеж и што трпение нема.
5Не плаши се од законот на смртта; спомни си за оние пред тебе и за оние што по тебе идат. Тоа е пресуда од Господа за секое живо суштество.
6Зошто се плашиш од она што на Севишниот Му е угодно? Живеел ти десет, сто или илјада години –
7во пеколот не се испитува должината на животот.
8Децата на грешниците стануваат ужасни, со безбожници се дружат.
9Наследството на децата од грешници на пропаст е осудено: потомството нивно вечно прекорувано ќе биде.
10Безбожниот татко децата негови го колнат, зошто поради него тие се изложени на бесчестие.
11Тешко вам, безбожници, зашто законот на Севишниот Бог го оставивте!
12Кога сте се родиле, за проклетство сте родени, а кога ќе умрете – проклетство ќе наследите.
13Сѐ што е од земја, во земја се враќа, а безбожниците од проклетство во пропаст ќе појдат.
14Луѓето плачат по своите мртви, а на грешниците и недоброто име ќе им се избрише.
15Грижи се за твоето име; тоа останува подолго со тебе, отколку неброено злато.
16За деновите од добриот живот има број, а доброто име останува довека.
17Пазете ги, деца, поуките мои во мир; каква е ползата од сокриена мудрост и закопано богатств?
18Подобар е оној што ја крие својата глупост од оној што својата мудрост ја крие.
19И така, срамувајте се од она што ќе ви речам:
20не е добро од сѐ да се срамувате ниту сѐ подеднакво се цени.
21Срамувајте се од блуд пред татко и мајка, а пред началник и господар – од лага;
22од злосторство пред судија и кнез; од беззаконие – пред собир и пред народ;
23од неправда – пред пријател и другар, а од кражба – пред соседите свои;
24пред вистината Божја и заветот, од потпирање лакти на трпеза, од измама при давање и земање;
25срамувај се да молчиш пред оние што те поздравуваат, срамувај се во развратна жена да гледаш и од сонародник лице да свртуваш;
26срамувај се да присвоиш туѓ дел и подарок, на туѓа жена да мислиш и на слугинката своја да ѝ се умилкуваш;
27Не приближувај се до постелата нејзина;
28пред пријател од зборови срамни срамувај се; откако си подарил, не приговарај;
29Срамувај се да повторуваш и да шириш тајни гласови и туѓи тајни да откриваш. Тогаш ќе бидеш вистински воспитан и кај секој човек милост ќе најдеш.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
