Јов 40 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Јов паѓа пред Бога. Господ пак говори од виорот; говори за Својата моќ.

1Му одговори Господ на Јова од луњата и му рече:

2»Препаши ја како маж половината своја: Јас ќе те прашувам, а ти објаснувај Ми.

3Мојот суд ли сакаш да го собориш, да Ме обвиниш, а себеси да се оправдаш?

4Таква ли е твојата мишка, како на Бога? И можеш ли како Него да згрмиш со гласот свој?

5Тогаш украси се со величие и слава, облечи се во болскот и великолепие;

6излеј ја јароста не гневот свој, погледај сѐ што е гордо и смири го;

7погледај ги сите поносни и понизи ги, сотри ги безбожниците на местата нивни;

8закопај ги сите во земја и покри ги лицата нивни со темнина.

9Тогаш и Јас ќе признаам, дека твојата десница може да те спасува.

10Ете слонот, што сум го создал, како и тебе; тој јаде трева како вол;

11а силата негова е во бедрата негови, јачината негова – во мускулите е на стомакот негов;

12ја размавтува опашката своја како кедар, а жилите на бедрата негови се како железни стапови;

13нозете негови изгледаат како бакарни труби; коските негови – како железни прачки;

14тоа е врвот на Божјите патишта: само Оној Кој го создал, може да го приближи мечот Свој до него;

15горите негови му принесуваат храна, таму сите полски ѕверови играат;

16тој си легнува под сенчести дрвја, меѓу трски и во глиб;

17сенчестите дрвја го покриваат со сенката своја; врби крај потоците го опкружуваат;

18ете, тој ја задржува реката за да пие и не брза; си останува спокоен, дури и кога би посакал Јордан да потече кон устата негова.

19Ќе го фати ли некој јавно и ќе му го продупчи ли носот негов со кука?

20Можеш ли со јадица да излвлечеш слон и со врвца да го врзеш за јазикот?

21Ќе вовреш ли алка во ноздрите негови? Ќе ја прободеш ли со шило челуста негова?

22Ќе ти се моли ли многу и ќе ти говори ли кротко?

23Ќе направи ли договор со тебе, ќе го земеш ли засекогаш како слуга свој?

24Ќе се забавуваш ли со него како со птичка, и ќе го врзеш ли заради девојченцата свои?

25Ќе го продаваат ли другарите како лов, ќе го делат ли меѓу хананејските трговци?

26Можеш ли да му ја продупчиш кожата негова со копје и главата негова со рибарска вила?

27Стави ја на него раката своја и помни за борбата; оти во иднина не ќе смееш.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help