1Зошто, се фалиш, силнику, со злоба? Беззаконија вршиш по цел ден.
2Јазикот твој погубни работи измислува; како наострен брич ти е – и веќе си смислил измама.
3Ти повеќе ја засака злобата отколку доброто, неправдата, отколку да говориш правда;
4ти, лукав јазику, засака секакви погубни зборови.
5Поради тоа Бог, до крај ќе те уништи, ќе те истргне и ќе те пресели од живеалиштето твое, и коренот твој – од земјата на живите.
6Ќе видат праведните, ќе се уплашат и ќе му се подсмеваат, па ќе речат:
7ете човек, кој не ја полагаше силата своја во надеж на Бога, а се надеваше на големото богатство свое, и кој сеосили во лесномисленоста своја.
8А јас, пак, сум во Божјиот дом како плодна маслина и се надевам на милоста Божја во сите векови.
9Вечно ќе Те славам за она што го направи, и ќе се надевам на името Твое, зашто тоа е благо пред светиите Твои.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
