Броеви 26 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Ново пребројување на племињата. Поделба на земјата.

1По тој пораз Господ му рече на Мојсеја и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејќи:

2»Преброј те го целото општество на синовите Израилеви од дваесет години нагоре, според домовите нивни, сите способни за војување во Израилот.«

3И им рече Мојсеј и свештеникот Елеазар во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јордан, спроти Јерихон, велејќи:

4»Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ, кои излегоа од Египетската земја:

5Рувим, Израилев првороденец. Рувимовите синови: од Енох – Енохово поколение, од Фалу – Фалуовото поколение,

6од Асрон – Асроновото поколение, од Харми – Хармиевото поколение;

7тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три илјади и шестототини и триесет.

8Фалуовите синови: Елиав,

9и Елиавовите синови: Намуил, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, познати кај народот, кои предизвикаа смут против Мојсеја и Арона заедно со соучесниците на Кореја, кога тие предизвикаа бунт против Господа;

10па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореја: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример;

11но Кореевите синови не изумреа.

12Симеоновите синови според поколенијата нивни: од Намуил – Намуиловото поколение, од Јамин – Јаминовото поколение, од Јахин – Јахиновото поколение,

13од Зара – Заровото поколение, од Саул – Сауловото поколение;

14тоа се Симеоновите родови при пребројувањето нивно: дваесет и две илјади и двесте.

15Јудиновите синови: Ир и Авнан, и Силом, Фарес и Зара, но Ир и Авнан умреа во Хананската земја;

16Јудините синови според поколенијата нивни беа: Силом – Силомовото поколение, од Фарес – Фаресовото поколение, од Зара – Заровото поколение.

17Фаресови синови беа: од Асрон – Асроновото поколение, од Јамун Јамуновото поколение;

18тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест илјади и петстотини.

19Исахарови синови според поколенијата нивни: од Тола – Толовото поколение, од Фува – Фувиното поколение,

20од Јасува – Јасувовото поколение, од Амврам – Амврамовото поколение;

21тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири илјади и четиристотини.

22Завулонови синови според поколенијата нивни: од Саред – Саредово поколение, од Алон – Алоновото поколение, од Алил – Алиловото поколение;

23тоа се Завулоновите поколенија, според пребројувањето нивно: шеесет илјади и петстотини.

24Гадови синови според поколенијата нивни: од Сафон – Сафоновото поколение, од Агин – Агиновото поколение, од Сунин – Суниновото поколение,

25од Азен – Азеновото поколение, од Ад – Адовото поколение,

26од Ароад – Ароадовото поколение, од Армал – Армаловото поколение;

27тоа се поколенијата на Гадовите синови, според пребројувањето нивно: четириесет илјади и петстотини.

28Асирови синови според поколението нивно: од Јамин – Јаминовото поколение, од Јесу – Јесуовото поколение, од Вариј – Вариевото поколение.

29Од Вариевите синови, од Ховер – Ховеровото поколение, од Мелхиил – Мелхииловото поколение;

30Името на Асировата ќерка беше Сара;

31Тоа се поколенијата на Асировите синови според пребројувањето нивно: четириесет и три илјади и четиристотини.

32Јосифови синови според поколенијата нивни: Манасија и Ефрем.

33Манасиеви синови: од Махир – Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаада – Галадово поколение.

34Еве ги Галаадовите синови: од Ахиезер – Ахиезеровото поколение, од Хелек – Хелековото поколение,

35од Есриила – Есрииловото поколение, од Сухем – Сухемовото поколение,

36од Симаер – Симаеровото поколение, од Офер – Оферовото поколение.

37Салпаад, син Оферов, немаше синови, туку само ќерки; имињата на Салпаадовите ќерки беа: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса;

38тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две илјади и седумстотини.

39Еве ги Ефремовите синови според поколенијата нивни: од Судал – Судаловото поколение, од Танах – Танаховото поколение;

40А еве ги Судаловите синови: од Еден – Еденовото поколение;

41тоа се поколенијата на Ефремовите синови, според пребројувањето нивно: триесет и две илјади и петстотини. Тоа се Јосифовите синови според поколенијата нивни.

42Венијаминовите синови според поколенијата нивни: Вал – Валовото поколение, од Асивир – Асивировото поколение, од Јахиран – Јахирановото поколение;

43од Софан – Софановото поколение;

44Валови синови беа: Адер и Ноеман: од Адер – Адеровото поколение, од Ноемана – Ноемановото поколение;

45тоа се Венијаминовите синови според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет илјади и шестотини.

46Еве ги Дановите синови според поколенијата нивни: од Самеј – Самеовото поколение;

47А сите Самеови поколенија според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири илјади и четиристотини.

48Нефталимови синови според поколенијата нивни: од Асил – Асиловото поколение, од Гаун – Гауновото поколение;

49од Јесер – Јесеровото поколение, од Селим – Селимовото поколение;

50тоа се Нефталимовите поколенија според пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет илјади и четиристотини.

51Тоа се влезените во пребројувањето синови Израилеви: шестотини и една илјада и седумстотини и триесет.«

52И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

53»Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата;

54на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето;

55земјата треба да се подели со жреб, тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови;

56со жреб да им се поделат нивните делови помеѓу нив – како на многубројните, така и на малубројните.«

57Тие се Левиевите синови, што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон – Гирсоновото поколение, од Кат – Катовото поколение, од Мерари – Мерариевото поколение.

58Ова се Левиевите родови: Ловеновото поколение, Хевроновото поколение, Мусиновото поколение и Кореевото поколение. Од Кат се роди Амрам.

59Името на Амрамовата жена беше Јохавед, ќерка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му го роди на Амарма Арона, Мојсеја и Маријам, нивната сестра.

60На Арона му се родија Надав и Авиуд, Елеазар и Итамар;

61но Надав и Авиуд умреа, кога принесоа туѓ оган пред Господа во Синајската пустиња.

62Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три илјади; тие не беа преброени заедно со синовите Израилеви, зашто не им беше даден дел меѓу синовите Израилеви.

63Тоа се преброените од Мојсеја и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите Израилеви во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јерихон;

64меѓу нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите Израилеви во Синајската пустиња;

65зашто Господ им беше рекол: »Тие ќе изумрат во пустињата.« И никој од нив не остана, освен Јефониевиот син Халев и Навиновиот син Исус.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help