1Кога целиот народ го премина Јордан, Господ му рече на Исуса:
2»Земи од народот дванаесет луѓе, по еден маж од секое племе
3и заповедај им и кажи им: ‚Земете оттука, среде Јордан, каде што стоеја неподвижно ножете на свештениците, дванаесет камења, понесети ги со себе и ставете ги на местото, каде што ќе ноќевате оваа ноќ!‘«
4Исус повика дванаесет луѓе, што ги избра од синовиет Израилеви, по еден маж од секое племе
5и им рече: »Одете по мене пред Господа, вашиот Бог, среде Јордан и секој нека земе оттаму по еден камен, и нека го стави на рамо според бројот на племињата на синовите Израилеви,
6за да бидат кај вас за секогаш знак; кога ќе те праша во подоцнежно време синот твои и ќе рече: ‚зошто се овие камења кај вас?‘
7а ти ќе му речеш на синот твој: ‚Водата во реката Јордан престана да тече пред ковчегот на заветот на Господа над целата земја; кога тој го преминуваше Јордан, тогаш водата јорданска пресуши‘; и така тие камења ќе бидат кај вас како вечен споменик на синовите Израилеви.«
8и синовите Израилеви направија така, како што заповеда Исус: зедоа дванаесет камења од среде Јордан, како што му рече Господ на Исуса, според бројот на племињата на синовите Израилеви, и ги понесоа со себе во логорот, и ги ставија таму.
9И други дванаесет камења постави Исус среде Јордан на местото, каде што им стоеја нозете на свешетниците, кои го носеа ковчегот на заветот Господов. Тие се таму и до ден денес.
10Свештениците, пак, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, стоеја среде Јордан, додека не беше свршено сѐ што Господ му беше заповедал на Исуса – точно така, како што му беше заповедал Мојсеј на Исуса; па потоа народот брзаше и преминуваше.
11Кога целиот народ го премина Јордан, тогаш премина и ковчегот на заветот Господов и камењата пред нив.
12И Рувимовите синови и Гадовите синови и полу племето Манасиево поминаа вооружени пред синовите Изриалеви, како што им беше заповедал Мојсеј.
13Околу четириесет илјади вооружени за борба преминаа пред Господа кон градот Јерихон, за да се борат.
14Во тој ден Господ го возвеличи Исус пред целиот род Израилев и почнаа да се бојат од него, како што се боеја од Мојсеја, сѐ додека беше жив.
15И му рече Господ на Исуса, велејќи:
16»Заповедај им на свештениците, што го носат ковчегот на заветот на сведоштвото, да излезат од Јордан.«
17Исус им заповеда на свештениците и рече: »Излезете од Јордан!«
18И кога свештениците, што го носеа ковчегот на заветот Господов, излегоа од Јордан, и штом нозете нивни стапија на суво, водата на Јордан се спушти на своето место, потече, како вчера и завчера, по целото корито.
19И народот излезе од Јордан во десеттиот ден на првиот месец и се смести во Галгал, на исток од Јерихон.
20И дванаесетте камења, што ги беа зеле од Јордан, Исус ги постави во Галгал
21и им рече на синовите Израилеви: »Кога ќе ве прашаат вашите синови, велејќи: ‚зошто се овие камења?‘
22кажете им на вашите синови: ‚Израил го помина Јордан по суво.‘
23Зашто Господ, вашиот Бог, ги исуши водите на Јордан за вас, додека да го преминете, исто онака, како што Господ, вашиот Бог, го направи со Црвеното Море, кое го исуши пред нас, додека го преминавме,
24за да видат сите народи на земјата, дека раката Господова е силна, и да Го почитувате Господа, вашиот Бог, во секое време.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.