Товит 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Товиевата побожност

1Книга за расказите на Товита, син Товиилов, син Ананиилов, Адуилов, Гаваилов, од родор на Асиила, и од племето Нефталимово,

2кој во деновите на асирскиот цар Енемесар беше заробен во Тисва, кој се наоѓа десно од Кидиј Нефталимов, во Галилеја, погоре од Асир, Јас, Товит, во сите денови на мојот живот одев по патот на вистината и правдата.

3И им правев многу добрини на моите браќа и на мојот народ, кој дојде заедно со мене во Асирската земја, во Ниневија.

4Кога живеев во мојата земја, во земјата Израилева, уште како момче, тогаш целото колено на мојот татко Нефталим беше отстапило од домот на Ерусалим, избран од сите Израилски колена, за да принесува жртви таму, каде што е осветен храмот за живеалиште на Севишниот и утврден во сите родови засекогаш.

5Бидејќи сите племиња отстапија и почнаа да принесуваат жртви на Ваал и на јуницата, така правеше и домот на мојот татко Нефталим.

6А само јас често одев во Ерусалим на празниците, како што му е заповедано на Израилот со вечна заповед за првините од плодовите, за десеток од земните плодови и првото стрижење на волна од овците;

7тоа им го давав на свештениците, синовите Аронови, за жртвеникот; десеток од сѐ што произведував им го давав на Левиевите синови, кои служеа во Ерусалим; вториот десеток го продавав и секоја година одев во Ерусалим и го трошев таму;

8а третиот им го давав на оние што имаа потреба, како што ми заповеда Девора, мајката на мојот татко, кога останав сирак по смртта на мојот татко.

9Кога станав маж, за жена ја зедов Ана од родот на мојот татко и со неа ми се роди Товиј.

10А кога бев одведен во ропство во Ниневија, сите мои браќа и роднини од истото племе јадеа од храната на незнабошците,

11но јас ја пазев мојата душа и не јадев;

12зашто со сета моја душа си спомнував за Бога.

13И Севишниот ми подари милост и благонаклоност кај Енемесара, кој ме направи свој снабдувач;

14отидов во Мидија и му предадов на Гаваила, синот Гавриев, во Рага Мидиска, десет таланти сребро – за да ги пази.

15А по смртта на Енемесара, се зацари неговиот син Сенахирим, чии патишта не беа постојани, така што јас не можев веќе да седам во Мидија.

16Во деновите на Енемесара јас им правев многу добрини на моите браќа:

17на гладните им го давав мојот леб, мојата облека на необлечените, а кога ќе видев некој од моето племе умрен и фрлен зад ѕидините на Ниневија, јас го погребував.

18Тајно ги погребував и оние што ги убиваше царот Сенахирим тогаш кога, натеран во бегство, се врати од Јудеја. Тогаш тој уби многумина во својот гнев. Ги бараше царот потоа нивните трупови, но не ги наоѓаше.

19Еден од Ниневијците отиде кај царот и го извести оти јас ги погребувам мртовците. Откако разбрав дека сакаат да ме убијат, се уплашив и избегав од градот.

20И го раграбаа целиот мој имот; ништо не ми остана, освен мојата жена Ана и мојот син Товиј.

21Но не изминаа ни педесет дена, го убија неговите двајца синови и избегаа во гората Арарат. Тогаш место него се зацари неговиот син Сахердан, кој го постави синот на мојот брат – Ахијахара Анаил за началник на целиот свој имот во царството и над целото негово домаќинство.

22Ахијахар се застапи за мене и јас се вратив во Ниневија. Ахијахар беше и пехарник, а и чувар на прстенот, и управител на домот и главен благајник. Сахердан го постави да биде втор по него, а Ахијахар беше син на мојот брат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help