1И им рече Господа на Мојсеја и Арона, велејќи:
2»Синовите Израилеви треба да се распоредат секој според својот чин, според знамето на домот свој, наоколу треба да се настанат синовите Израилеви пред Господа, околу скинијата на сведоштвото.
3Најнапред, на исток, ќе се настани полкот Јудин со војниците свои, и началникот на Јудините синови Наасон, синот Аминадавов.
4Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници.
5По него да се распореди племето Исахарово, и началникот на Исахаровите синови Натанаил, синот Согаров,
6чија сила е изброена на педесет и четири илјади и четиристотини војници.
7Близу потаму да се смести племето Завулоново, и началникот на синовите Завулонови Елиав, синот Хелонов;
8бројот на неговите доброволци изнесува педесет и седум илјади и четиристотини.
9Сите изброени во Јудиновиот логор се сто и осумдесет и шест илјади и четиристотини; тие први да тргнат.
10Кон југ да биде распореден Рувимовиот полк со војската и началникот на синовите Рувимови Елисур, синот Седиуров;
11бројот на неговите војници, влезени во пребројувањето негово, е четириесет и шест илјади и петстотини.
12До него да се настани племето Симеоново, и началникот на синовите Симеонови Саламиил, синот Сурисадаев;
13а неговите војници изброени беа педесет и девет илјади и триста.
14Потоа да се насели племето Гадово, и началникот на синовите Гадови Елисаф, синот Рагуилов;
15неговите доброволци беа на број четириесет и пет илјади и шестотини и педесет.
16Сета сила влезена во пребројувањето на Рувимовиот полк изнесува сто и педесет и една илјада и четиристотини и педесет; тие втори да појдат.
17Кога ќе се крене скинијата на сведоштвото, населбата на левитите да биде во средината на другите населби. Како што се разместени, така и да одат, секој на своето место според чинот свој.
18Кон морето да биде населбата на Ефремовиот полк со војската негова, и началникот на синовите Ефремови, Елисам, синот Емиудов,
19а неговите војници изброени, се четириесет илјади и петстотини.
20До него да се смести племето Манасиево, и началникот на синовите Манасиеви Гамалиил, синот Фадасуров,
21со неговите доброволци, кои се триесет и две илјади и двесте.
22Потоа да се смести близу до племето Венијаминово, и началникот на синовите Венијаминови Авидан, синот Гадеониев,
23заедно со неговите војници, чиј број е триесет и пет илјади и четиристотини.
24Сите изброени војници од Ефремовата населба се сто и осум илјади и сто; тие трети да поаѓаат.
25Кон север да биде населбата на Дановата војка, и началникот на синовите Данови Ахиезер, синот Амисадаев,
26и неговите војници, чиј број изнесува шеесет и две илјади и седумстотини.
27А до него да се смести племето Асирово, и началникот на синовите Асирови Фагаил, синот Ехранов,
28заедно со неговите војници на број, четириесет и една илјада и петстотини.
29Потаму да се настани племето Нафталимово, и началникот на синовите Нафталимови Ахиреј, синот Енанов,
30и неговите педесет и три илјади и четиристотини доброволци.«
31Сите, влезени во пребројувањето на Дановиот полк, се сто и педесет и седум илјади и шестотини; тие последни да се креваат според чинот свој.
32Сите изброени синови Израилеви според домовите нивни се шестотини и три илјади и петстотини и педесет.
33А левитите не се вброени со синовите на Израилот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
34И направија синовите Израилеви сѐ што му беше заповедал Господ на Мојсеја; така се распоредија според чиновите свои, и така одеа секој според племето свое, според домовите свои.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.