1Мудар син слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот.
2Од плодот на устата своја човекот ќе вкуси добро, а душата на беззаконикот ќе загине предвреме.
3Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отора устата своја, тешко нему.
4Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ќе се насити.
5Праведиот го мрази лажливиот збор, а нечесниот се срами и нема смелост.
6Правдата го чува непорочниот, а нечеснотса го погубува грешникот.
7Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажува за сиромав, а има големо богатство.
8Со богатство човек го искупува животот свој, а сиромавиот и заплашувањето не го слуша.
9Светлината на преведниците свети секогаш, а светилото на нечесните згаснува. Подмолните души талкаат во гревови, а праведниците се милостиви и милуваат.
10Од гордоста произлегува спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
11Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
12Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнета желба е како дрво на животот.
13Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ќе му се даде.
14Кај лукав син нема ништо добро, а на разумен слуга делата му успеваат, и патот му е прав.
15Учењето на мудриот е извор на животот, кој го оддалчува од мрежите на смртта.
16Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззаконицте, води во пропаст.
17Секој благоразумен работи со знаење, а глупавиот се истакнува со глупости.
18Лош гласник паѓа во беда, а верен гласник е спасение.
19Немаштија е срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави.
20Изполнета желба е пријатана за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото.
21Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде.
22Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се враќа добро.
23Добриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните.
24Праведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат.
25Кој ја жали прачката своја, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува за да го поправи.
26Праведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од недостиг.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
