Псалми 43 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Молитва за помош.

1Боже, со ушите наши чувме, а татковците наши ни раскажуваа за делото што си го направил во нивните дни, во деновите древни.

2Ти со Твојата рака си истребил народи, а нив си ги населил; си поразил луѓе и си ги изгонил;

3бидејќи тие не со меч ја придобија земјата, и нивните мишки не ги спасиле, туку Твојата десница и Твојата мишка и светлината на Твоето лице, зашто Ти беа по волја.

4Боже, само Ти си цар мој и Бог мој, Кој му извојува победа на Јакова.

5Со Тебе, како со рогови, ќе ги избодеме нашите непријатели, и со Твоето име ќе ги уништиме оние, што востануваат против нас;

6зашто јас нема да се надевам на мојот лак и мечот мој нема да ме спаси;

7туку Ти ќе нѐ спасиш од непријателите наши и ќе ги посрамиш оние што нѐ мразат.

8Со Бога ќе се фалиме секој ден и Твоето име вечно ќе го прославуваме.

9Но сега Ти нѐ отфрли и нѐ посрами, па не излегуваш, Боже, со нашите војски;

10нѐ сврти во бегство пред непријателите наши, и оние, што нѐ мразат, нѐ ограбуваа.

11Нѐ предаде како овци да нѐ изедат и нѐ растури меѓу незнабошците.

12Ефтино го продаде народот Свој и со тоа не ја крена цената негова;

13нѐ предаде за презир кај соседите наши, за потсмев и хулење на оние, кои живеат околу нас;

14нѐ направи за приказ меѓу незнабошците, и мнозина ја вртат главата.

15Секој дена срамот мој е пред мене, и црвенило го покрива лицето мое,

16од гласот на оној што се потсмева и од клеветникот, од непријателите и одмаздниците.

17Сето тоа нѐ снајде нас, но ние не Те заборавивме, Тебе и не го нарушивме Заветот Твој.

18И не отстапи срцето наше, и стапките наши не се отклонија од Твојот пат.

19зашто нѐ порази во местото, каде што бевме озлобени и нѐ покри со смртна сенка.

20Ако го бевме заборавиле името на нашиот Бог и да ги бевме протегнале рацете наши кон туѓ бог,

21зар Бог тогаш немаше да испита за тоа? Зашто Он ги знае тајните на срцата.

22Заради Тебе умираме секој ден, нѐ сметаат како овци определени за клање.

23Разбуди се, зошто спиеш, Господи! Разбуди се, и не отфрлај нѐ засекогаш!

24Зошто го одвраќаш лицето Свое, ја забораваш бедата наша и неволјата наша?

25Бидејќи душата наша се понизи до прав, а утробата ни се прилепила на земјата,

26стани, Господи, и помогни ни, избави нѐ поради името Твое.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help