1»Ова се заповедите, наредбите и законите, на кои заповеда Господ, Бог ваш, да ве научам, како да постапувате во онаа земја, во која одите да ја наследите:
2да се плашиш од Господа, твојот Бог, и сите Негови наредби и заповеди Негови, кои денес ти ги кажувам, да ги пазиш ти и синовите твои и внуците твои во сите денови на животот твој, за да живееш долго.
3И така, чуј Израиле, и потруди се да го исполнуваш тоа, за да ти биде добро, и да се намножите многу многу, како што Господ, Бог на татковците ваши, им беше рекол, дека тебе ќе ти даде земја, каде што тече мед и млеко. (Тоа се наредбите и законите, што им ги заповеда Господ Бог на синовите Израилеви во пустињата, откако излегоа од Египетската земја.)
4Почуј, Израиле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ,
5сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!
6Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во срцето твое и во душата твоја;
7и пренесувај им ги на децата свои и говори за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш;
8и врзи ги на раката своја како знак и да ти биде тој непоколеблив пред очите твои,
9и напишете ги на надвратникот на куќите ваши на вратите ваши.
10Кога, пак, ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја, за која Он им се заколна на татковците твои – Авраама, Исака и Јакова, да ти ја даде со големи и убави градови, што ти не си ги градел,
11и со куќи, полни со секое добро, со кое ти не си ги наполнил, и со кладенци ископани, што ти не си ги копал, со лозја и маслини, кои ти не си ги садел, па јади и наситувај се!
12Тогаш пази да не се одврати срцето твое и да Го заборавиш Господа, Кој те изведе од Египетската земја, од домот на ропството.
13Бој се од Господа, твојот Бог, и само Нему служи Му, и кон Него биди приврзан и во Негово име колни се!
14Не одете по други богови, богови на оние народи, што ќе бидат околу вас;
15зашто Господ, твојот Бог, Кој е покрај тебе, е Бог ревнител; за да не се разгори гневот на Господа, твојот Бог, против тебе, и да не те истреби Он од лицето на земјата.
16Не искушувајте Го Господа, вашиот Бог, како што Го искушувавте во Маса.
17Пазете ги цврсто заповедите на Господа, вашиот Бог, и законите Негови и наредбите, што ти ги заповедав тебе;
18и вршите го она што е право и добро пред очите на Господа, твојот Бог, за да ти биде добро и да влезеш и да ја наследиш добрата земја, за која Господ со клетва им ја вети на татковците ваши,
19и дека Он ќе ги изгони сите твои непријатели од пред тебе, како што говореше Господ.
20Ако еден ден синот твој те запраше, велејќи: ‚Што значат тие заповеди, наредби и закони, кои ви ги заповеда Господ, Бог ваш?‘
21Кажи му ги тогаш на синот твој: ‚Ние бевме робови на Фараонот во Египет, но Господ Бог нѐ изведе од Египет со силна рака и цврста мишка,
22и покажа Господ Бог знаци и големи чуда и поразии над Египет, над Фараонот и над целиот дом негов и над војската негова, пред очите наши;
23а нас ни изведе Господ Бог оттаму за да ни воведе и ни ја даде оваа земја, за која Господ Бог им се заколна на нашите татковци дека ќе ни ја даде.
24И ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби, да се боиме од Господа, нашиот Бог, за да ни биде добро во сите денови, за да си го зачуваме животот свој, како и денес.
25И ќе имаме милост, ако се трудиме да ги извршуваме сите тие заповеди на законот пред Господа, нашиот Бог, како што ни заповеда Он.‘«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.