1Не надевај се на твоето богатство и не вели: »Доста ми е додека сум жив.«
2Не оди по своите желби и по твојата сила; не следи ги страстите на своето срце;
3не вели: »Кој што ми може?« – зошто Господ ќе те казни.
4Не вели: »Ете, згрешив па што ми стана?« Знај дека Господ е долготрпелив.
5Не надевај се толку на тоа дека ќе ти биде простено; не натрупувај грев врз грев.
6Не вели: »Милоста на Господа е голема: Тој ќе ми ги прости многуте мои гревови;«
7зашто и милоста и гневот се во Него; Неговиот гнев се исипува врз грешниците.
8Не задоцнувај да се вратиш кај Господа, не одложувај го од ден на ден твоето обраќање;
9зашто, ненадејно ќе дојде Божјиот гнев и ти; ќе загинеш во времето на одмаздата.
10Не надевај се на имоти неправедни зашто тие нема да ти помогнат кога неволјата ќе те посети.
11Не веј на секој ветар и не оди по сите патеки; тоа го прави лицемерен грешник.
12Биди одлучен во твите убедувања; зборот твој да биде еден.
13Биди поготвен да слушаш, и добро обмисли пред да одговориш.
14Ако знаеш, одговори му на својот ближен, а ако не знаеш, стави ја раката на својата уста.
15И славата и срамот доаѓаат од зборовите; во јазикот на човекот е неговата пропаст.
16Не биди клеветник и со јазикот свој не поставувај стапици.
17Крадецот го чека срам, а лицемерецот – тежок укор.
18Не бивај неразумен ни во големите, ниту во малите работи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
