1И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2»Заповедај им на синовите Израилеви и кажи им: даровите Мои, лебните приноси, жртвите Мои со благопријатен мирис да Ми се принесуваат на празниците Мои.
3И кажи им: ете ја жртвата, која што треба да Му ја принесувате на Господа: две јагниња на ден, без недостаток, за сепаленица постојана за престап:
4едното јагне принесувај го наутро, а другото јагне навечер;
5и да принесете жртва, една десетина од ефа пченично брашно, помешано со четвртина ин чист елеј,
6сепаленицата е постојана жртва на Господа, каква што беше извршена при планината Синај, за благопријатен мирис,
7и кон неа да има за прелив четврт ин за едното јагне; на свето место извршувај го со вино преливот на Господа.
8Другото јагне принесувај го навечер, со таков лебен принос како утрината, со жртва и прелив за него принесувај го за пријатна благоугодност на Господа.
9А во саботен ден принесувајте по две јагниња без недостаток, и две десетти од ефа пченично брашно, поднесено со елеј, како и прелив;
10и тоа е саботна сепаленица за секоја сабота, освен постојаната сепаленица и преливот за неа.
11и при млад месец принесувајте Му на Господа сепаленици: од говедата две телиња, еден овен и седум јагниња без недостаток,
12и три десетти од ефа пченично брашно поднесено со елеј, принос со телето, и две десетти од ефа пченично брашно, принесено со елеј, принос со овенот,
13и по една десетта од ефа пченично брашно, поднесена со елеј, принос за секое јагне: тоа е сепаленица, благопријатна жртва на Господа;
14а преливот за нив треба да биде половина ин вино за телето, една третина од ин за овенот и една четвртина ин за јагнето; тоа е сепаленица за секое новомесечје во текот на сите месеци на годината.
15Принесувајте Му на Господа секогаш и по еден козел од козите ваши – жртви за грев; него треба да го принесувате заедно со преливот за него.
16Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот, е Пасха Господова.
17А на петнаесеттиот ден од тој месец е празник; седум дена треба да се јадат бесквасни лебови.
18Првиот ден да ви биде особено свет, никаква работа не вршете;
19и принесете сепаленица, жртва на Господа: две телиња од говедата, еден овен и седум едногодишни јагниња; тие да се без недостаток;
20а и принос кон нив пченично брашно, поднесено со елеј, тие десетини од ефа за секое теле, и две десетини од ефа за овенот,
21и по една десетина ефа принесувајте за секое од седумте јагниња,
22и еден козел од козите – жртва за грев, за да се помолат за вас;
23принесувајте го тоа, освен утринската сепаленица, која е постојана жртва.
24Така правете секој ден во седумте дена; тоа е дар, принос благопријатен за Господа; при редовната сепаленица и прелив за неа.
25И седмиот ден треба да ви биде особено свет; никаква работа не вршете.
26И денот на првите плодови, кога Му принесувате на Господа нова жртва во вашите седмици, треба да ви биде особено свет; никаква работа не вршете;
27и принесете сепаленици за благопријатен мирис на Господа: од говедата две телиња, еден овен и седум едногодишни јагниња, без недостаток,
28а заедно со нив и принос од пченично брашно, поднесено со елеј, три десетини од ефа за секое теле, две десетини од ефа за овен,
29и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња;
30и еден козел од козите – жртва поради грев, за да се помолат за вас.
31Пронесувајте ми ги овие жртви со вино за прелив, освен постојаните сепаленици со приносите; тие треба да бидат без недостаток.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.