1Запејте Му на Господа нова песна, зашто создаде чудесни работи, Неговата десница, Му помогна и Неговата света мишка.
2Господ го објави Своето спасение, пред очите на народите ја откри Својата правда.
3Се присети Он за својата милост кон Јакова и на вистината Своја кон домот Израилев; сите краишта земи го видоа спасението од Нашиот Бог.
4Воскликни Му на Господа, цела земјо; запеј, радуј се и пеј;
5пејте Му на Господа со гусли, со гусли и со глас псаломски;
6во труби ковани и во труби од рог затрубете пред Царот – пред Господа.
7Нека шуми морето и сѐ она што го исполнува: вселената и сите што живеат во неа;
8да заплескаат со раце реките и заедно со горите да се зарадуваат пред лицето на Господа!
9зашто Он доаѓа да ѝ суди на земјата. Он ќе ѝ суди на вселената по правда и народите – правично.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
