1Сауловиот син Јевостеј, откако чу, дека Авенир умрел во Хеврон, му отпаднаа рацете, и целиот Израил се збуни.
2Сауловиот син Јевостеј имаше двајца воени началници; едниот се викаше Вана, а другиот – Рихав, синови на Вееротеецот Ремон, од Венијаминовите потомци, бидејќи и Веерот се вбројуваше кон Венијамина.
3И Вееротците избегаа во Гитаим и таму останаа како придојдени до денес.
4Јонатан, Сауловиот син, имаше син куц. Синот беше на пет години, кога од Израил дојде известување за Саула и Јонатана, а хранителката, откако го зела, избегала. Бидејќи таа бегала брзо, тој паднал и останал сакат. Името му беше Мемфивостеј.
5И синовите на Вееротеецот Ремон, Рихав и Вана, тргнаа и стигнаа по најголемата дневна горештина до куќата на Јевостеј, којшто спиеше попладне во леглото свое.
6А вратарот на куќата, кој чистеше пченица, беше задремал и заспал; Рихав и братот негов Вана влегоа во куќата, ѓоа да земат пченица, го прободоа во стомахот и избегаа.
7Кога тие влегоа во куќата, Јевостеј лежеше на леглото свое, во својата спална; тие го удрија и го убија; ја пресекоа главата негова, ја зедоа со себе и цела ноќ одеа по пустињскиот пат;
8му ја донесоа на Давида во Хеврон Јевостеевата глава и му рекоа на царот: »Еве ја главата на Јевостеј, синот на Сула, твојот непријател, којшто ја бараше душата твоја; сега Господ се одмазди за мојот господар – царот Саула (твојот непријател) и на потомството негово.«
9Давид му одговори на Рихава и на братот негов Вана, синови на Вееротеецот Ремон, и им рече: »Жив е Господ, Кој ја спаси душата моја од секаква жалост!
10Ако тогаш, којшто ми донесе известување, велејќи: ‚Ете, умре Саул и Јонатан‘, и којшто се мислеше за радосен известител, јас го фатив и го убив во Секелаг, неместо да му дадам награда,
11тоа сега, кога невредници убија невин човек во куќата негова, во неговото легло, зар нема да ја побарам крвта негова од вашата рака и нема да ве истребам од земјата?«
12И Давид им заповеда на слугите, и тие ги убија, им ги пресекоа рацете и нозете нивни и ги обесија крај базенот за вода во Хеврон. А Јевостеевата глава ја зедоа и ја погребаа во гробот на Авенир во Хеврон.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
