Мудрост Соломонова 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Молитва за мудрост.

1Воже на татковците и Господи на милоста, Кој си создал сѐ со Твоето слово.

2Кој си го создал човекот со Твојата премудрост, за да владее над Твоите созданија,

3и свето и праведливо да управува со светот и да суди со правична душам,

4дарувај ми ја мудроста, која седи до Твојот престол и не отфрлај ме меѓу Твоите деца,

5зашто јас сум Твој слуга и син на Твојата слугинка, човек слаб и кратковечен по живот, неспособен да ги сфати правдата и законите.

6Па и да беше некој совршен меѓу синовите човечки, без Твојата премудрост, тој не би се сметал за нешто.

7Ти ме избра за цар на Твојот народ, за да им судам на Твоите синови и ќерки;

8Ти ми рече да изградам храм на Твојата света гора и жртвеник во градот на твоето живелиште, слични на Светата Скинија, која си ја подготвил од самиот почеток.

9Со Тебе е премудроста, која ги знае твоите дела, таа беше таму кога си го создавал светот, знае што е годно пред твоите очи и што е право според твоите заповеди.

10Испрати ја од твоите свети небеса, испрати ја од престолот на Твојата слава, за да ми помага во моите трудови и да знам што е угодно пред Тебе;

11зашто таа сѐ знае и сѐ разбира мудро ќе ме раководи во моите работи и во својата слава ќе ме запази;

12тогаш и делата Мои ќе Ти бидат угодни, и справедливо ќе управувам со народот и достоен ќе бидам за престолот на мојот татко.

13Зашто Кој човек може да ги познае Божјите намери! Кој може да знае што Му е угодно на Господа!

14Колебливи се мислите на смртниците, погрешни се нашите помисли,

15бидејќи гнилежното тело ѝ тежи на душата, а таа земна колиба го притиска умот наш – преполн со грижи.

16Одвај можеме да го сфатиме она што е на земјата, со мака го разбираме и она што е во нашите раце, а што има на небесата – кој испитал?

17А Волјата твоја кој ќе ја познае, ако Ти мудроста не си ни ја дал и одозгора не ни го беше испратил Твојот Свет Дух?

18Само така се исправија патиштата на земните жители, само така луѓето се научија за она што Ти е угодно Тебе,

19и се спасија преку мудроста.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help