Исаија 36 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Сенахерим го опколува Ерусалим.

1Во четиринаесеттата година на царот Езекија, асирскиот цар Сенахерим, стана против сите утврдени градови на Јудеја и ги презеде.

2Тогаш асирскиот цар го прати Рапсака со голема војска од Лахис во Еурсалим при царот Езекија; и тој се запре кај водоводот на горниот водостој по патот за нивата на валавичарот.

3И излезе при него Елијаким, Хелкиевиот син, началник на дворецот, и писарот Севна, и летописецот Јоах, Асафовиот син.

4И им рече Рапсак: »Кажете му на Езекија: вака вели големиот цар, царот асирски: каква е таа надеж, на која се надеваш?

5Јас мислам, дека се тоа само празни зборови, а за војна се потребни совет и сила: и така, на кого се надеваш ти, па си се одметнал од мене?

6Ете, ти многу се потпираш на Египет, на таа скршена трска, која, ако некој се потрпе на неа, ќе му влезе во раката и ќе ја прободе. Таков е Фараонот, царот египетски, за сите, кои се надеваат на него.

7Ако ли ми кажеш: се надеваме на Господа, нашиот Бог, – тогаш на оној ли, чии светилишта и жртвеници ги замени Езекија и му кажа на Јуда и на Ерусалим: ‚само пред овој жртвеник клањајте се?‘

8И така, влези во сојуз со мојот господар, царот асирски; – ќе ти дадам две илјади коњи; можеш ли да испратиш јавачи за нив?

9Па како сакаш да го натераш да отстапи водачот, еден од најмладите слуги на мојот господар, надевајќи се на Египет, заради коли бојни и коњи?

10Та зар јас без волјата на Господа тргнав против оваа земја, за да ја разорам? Господ ми рече: оди против таа земја и разори ја.«

11Тогаш Елијаким, Севна и Јоах му рекоа на Рапсака: »Говори им на слугите твои на арамејски, зашто ние разбираме, а не ни говори по јудејски, за да чуе народот, кој е на ѕидините.«

12И Рапсак рече: »Зар само при твојот господар и при тебе ме испрати господарот мој да ги кажам овие зборови? Не, исто така и при луѓето, што седат по ѕидините, за да го јадат со вас изметот свој и да ја пијат мочта своја.«

13Тогаш стана Рапсак и извика со висок глас по јудејски и рече: »Чујте ги зборовите на големиот цар, асирскиот цар!

14Вака вели царот: нека не ве мами Езекија, зашто тој не може да ве спаси;

15И нека не ви дава надеж Езекија во Господа, велејќи: ‚Господ ќе нѐ спаси; овој град нема да биде предаден во рацете на царот асирски.‘

16Не го слушајте Езекија, зашто вака говори царот асирски: примирете се со мене и излезете пред мене, и секој нека го јаде плодот од лозјето свое и од смоквата своја и секој нека пие вода од својот кладенец,

17додека не дојдам и ве земам во исто таква земја, каква што е и вашата земја, во земја на леб и вино, во земја на плодови и лозја.

18И така, да не ве мами Езекија, велејќи: ‚Господ ќе нѐ спаси‘. Боговите на народите ја спасија ли, секој својата земја од раката на асирскиот цар?

19Каде се боговите на Емат и Арпад? Каде се боговите на Сепарваим? Ја спасија ли тие Самарија од мојата рака?

20Кој од сите богови на тие земји ја спаси земјата своја од мојата рака? Та зар Господ ќе го спаси Ерусалим од мојата рака?«

21Но тие молчеа и не му одговорија ни збор, зашто од царот беше дадена повелба: не му одговарајте.

22Тогаш отиде Елијаким, синот Хелкиев, началник на дворецот, и Севна писарот, и Јоах, син Асафов, летописец при Езекија, со раскината облека, и му ги предадоа зборовите на Рапсака.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help