1 Царства 20 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Давид и Јонатан го зацврстуваат своето пријателство.

1Давид избега од Нават, кој е во Рама, и дојде, па му рече на Јонатана: »Што направив јас, во што сум виновен, со што згрешив пред татко ти, та ја бара душата моја?«

2Му одговори Јонатан: »Не, ти нема да умреш; ете, татко ми на врши ништо, било големо, било мало, без да им јави на ушите мои; зашто татко ми ќе го крие тоа од мене тоа? Тоа нема да биде.«

3Давид се колнеше и говореше: »Татко ти добро знае, дека јас најдов благонаклоност за очите твои, затоа си вели: ‚нека не знае за тоа Јонатан, за да не се огорчи;‘ но жив е Господ и жива е душата твоја – само еден чекор има меѓу мене и смртта.«

4Јонатан му рече на Давида: »Што сака душата твоја, јас ќе го сторам тоа за тебе.«

5Тогаш Давид му рече на Јонатана: »Ете, утре е нов месец, и јас треба да седам со царот на трпезата; но пушти ме, и јас ќе се сокријам во полето до вечерта на третиот ден.

6Ако татко ти запраша за мене, ти кажи: ‚Давид ме замоли да отиде во својот град Витлеем, зашто таму се врши годишно принесување на жртва за сиот негов род.‘

7Ако на тоа тој каже: ‚добро‘, твојот роб ќе има мир; ако, пак, се разгневи, тогаш знај, дека тој намислил нешто лошо.

8А ти стори милост на твојот слуга, – зашто ти го прими слугата свој во завет Господов со тебе, – и ако има некоја вина во мене, убиј ме; зошто да ме водиш кај татко ти?«

9Јонатан одговори: »Тоа нема да стане со тебе; зашто, ако навистина дознаам, дека татко ми решил да ти направи нешто лошо, зар нема да ти јавам за тоа?«

10Тогаш Давид му рече на Јонатана: »Кој ќе ми соопшти, ако татко ти одговори налутено?«

11Јонатан му рече на Давида: »Ајде да одиме во полето.« И обајцата излегоа во полето.

12Јонатан му рече на Давида: »Жив Господ, Бог Израилев! Утре во ова време, или другиот ден, ќе разберам од татко ми; и ако е тој балгонаклонет кон Давида, и ако јас уште тогаш не испратам при тебе и не ти јавам пред ушите твои,

13тоа и тоа нека направи Господ со Јонатана и уште повеќе да додаде зло, и тоа ќе го соопштам до ушите твои, и ќе те пуштам; тогаш оди си со мир, и Господ нека биде со тебе, како што беше со татко ми!

14Но и ти, ако бидеш уште жив, направи ми милост Господова.

15Ако, пак, умрам, не ја одземај милоста своја од домот мој никогаш, дури ни тогаш, кога Господ ќе ги истреби од лицето на земјата сите непријатели Давидови.«

16Така склучи Јонатан завет со домот Давидов и рече: »Господ нека им врати на непријателите Давидови!«

17Јонатан пак му се заколна на Давида во љубовта своја кон него, бидејќи го сакаше како душата своја.

18И му рече Јонатан: »Утре е нов месец, и ќе запрашаат за тебе, бидејќи местото твое нема да биде зафатено;

19затоа на третиот ден слези и оди брзо на местото, каде што се криеше порано, и седни кај каменот Азел;

20јас, пак, ќе пуштам кон таа страна три стрели, како ѓоа стрелам во цел;

21потоа ќе испратам едно момче, на кого ќе му кажам: ‚оди, најди ги стрелите‘, и ако му кажам на момчето: – на, стрелите се зад тебе, земи ги, дојди при мене, бидејќи има мир за тебе, и, жив ми Господа, нема ништо да ти стане;

22ако, пак, му кажам вака на момчето: ‚на, стрелите се пред тебе‘ оди си, бидејќи Господ те пушта;

23а за тоа, за кое говоревме јас и ти, Господ е сведок меѓу мене и тебе засекогаш.«

24Давид се сокри во полето. Настапи нов месец, и царот седна да руча.

25Царот седна на местото свое, како секогаш, на седиштето до ѕидот. Јонатан стана, и Авенир седна до Саула; а местото на Давида остана празно.

26Тој ден Саул не кажа ништо, зашто си помисли, дека е тоа случајно, дека е Давид нечист, не се исчистил.

27Настапи и вториот ден на новиот месец, а местото на Давида остануваше празно. Тогаш Саул му рече на синот свој Јонатан: »Зошто синот Есеев не дојде на ручек ниту вчера, ниту денес?«

28Јонатан му одговори на Саула: »Давид измоли од мене да отиде во Витлеем,

29велејќи: ‚Пушти ме, бидејќи имаме во градот родбинско принесување жртва, и брат ми ме покани; затоа, ако сум нашот благонаклоност во очите твои, да отидам и да се видам со браќата свои,‘ затоа тој и не дојде на царскиов ручек.«

30Тогаш Саул многу се разгневи на Јонатана и му рече: »Недостоен и непокорен сине! Зар не знам дека си се здружил со Јесеевиот син за срам, на себе си и за срам на мајка си!

31Зашто во сите денови, додека Есеевиот син ќе живее во земјата, нема да опстанеш ни ти, ни царството твое; а сега испрати и доведи го при мене, бидејќи е осуден на смрт.«

32Јонатан му одговори на татка си Саула и му рече: »Зошто да се убива? Што направил?«

33Тогаш Саул фрли копје врз него, за да го убие. Тогаш Јонатан разбра, дека татко му решил да го убие Давида.

34Јонатан стана од трпезата многу разгневен и не ручаше на другиот ден од новиот месец, зашто тагуваше за Давида, а и затоа што татко му го навреди.

35На другиот ден изутрина Јонатан излезе на полето, во времето, што му го беше определил на Давида, и едно мало момче со него.

36И тој му рече на момчето: »Трчи, барај ги стрелите, што ги пуштам.« Момчето се затрча, а тој ги пушташе стрелите така, што тие летаа подалеку од момчето.

37И момчето се затрча натаму, на каде што Јонатан ги пушташе стрелите, и Јонатан викна по момчето и рече: гледај, стрелата е пред тебе.

38Јонатан, пак, викаше по момчето: »Трчај побрзо, не се запирај.« И момчето ги собра Јонатановите стрели и дојде при господарот свој.

39А момчето не знаеше ништо; само Јонатан и Давид знаеја, каква е работата.

40Тогаш Јонатан му го даде оружјето свое на момчето, што беше со него, и му рече: »Оди и однеси го во градот.«

41Момчето отиде, а Давид се исправи од кон југ и падна ничкум на земјата и трипати се поклони; и се бакнаа тие еден со друг, и обајцата плачеа заедно, но Давид повеќе плачеше.

42Јонатан му рече на Давида: »Оди со мир; а тоа, во кое се колневме двајцата во името Господово, велејќи: ‚Господ да биде меѓу мене и тебе, меѓу моето семе и твоето семе‘, нека биде засекогаш.«

43Давид стана и замина, а Јонатан се врати во градот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help