Псалми 101 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Молитва на страдалник.

1Господи, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде до Тебе!

2Не одвраќај го лицето Свое од мене, во денот на мојата жалост приклони го увото Твое кон мене; во деност, кога Те повикувам, услиши ме бргу,

3зашто дните ми исчезнуваат како дим, а коските мои се исушија како суварки;

4попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавив и лебот свој да го јадам;

5од гласот на моите воздишки коските ми се залепија за телото мое.

6Заприлегав на несит во пустиња; станав како був во урнатини;

7не спиев, седев како самотна птица на покрив.

8Секој ден ме навредуваа непријателите мои, и фалејќи се, ме проколнуваа.

9Јадев пепел како леб и пијалокот свој со солзи го растворав.

10Поради гневот и јароста од лицето Твое бев воздигнат и соборен.

11Дните мои исчезнуваа како сенка и јас се исушив како сено.

12А Ти, Господи, вечно пребиваш; и споменот за Тебе е од род во род.

13Кога ќе станеш, ќе се смилуваш на Сион, зашто време е да се смилуваш на него – зашто дојде времето;

14бидејќи на Твоите слуги им омилеа и камењата негови и за правот негов жалат.

15Незнабожците ќе се заплашат од името на Господа, а сите земни цареви – од Твојата слава.

16Зашто Господ ќе го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја;

17ќе погледне милостиво на молитвите од беспомошните и нема да ги презре молибите нивни.

18Нека се запише ова за следниот род, и идното поколение што ќе Го слави Господа,

19зашто се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на земјата,

20за да ги чуе офкањата на окованите, да ги ослободи синовите од смртта,

21за да го разгласат името Господово на Сион и похвалата Негова во Ерусалим,

22кога ќе се соберат народите и царствата заедно да му служат на Господа.

23Он ми ја откажа заштитата Своја на патот мој, ме извести дека ги скратува дните мои.

24Боже мој! Не земај ме на половината од деновите мои. Твоите години се од род во род.

25Во почетокот Ти, Господи, ја основа земјата, небесата се дело на Твоите раце;

26тие ќе пропаднат, а Ти ќе пребиваш; сите тие – како облека ќе оветвеат, и како наметка Ти ќе ги свиткаш, и ќе се изменат;

27но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да завршат.

28Синоивте на Твоите слуги ќе се веселат и потомството нивно ќе се зацврсти за навек.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help