Мудри Соломонови Изреки 26 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Безумниот и неговата глупост; мрзливиот и лажливиот јазик.

1Како снег во летно време и дожд во време на жетва, така и честа не му прилега на безумниот.

2како врапче што ќе фркне, како ластовица што ќе одлета, – така и незаслужена клетва нема да се збидне.

3Камшик – за коњ, узда – за осел, а стап – за безумните.

4Не му одговаран на безумниот според глупоста негова, за да не станеш и ти сличен на него;

5но одговори му на безумниот против глупоста негова, за да не помисли оти е мудар.

6Кој усно порачува на безумен, тој ги потсекува нозете свои, трпи непријатност.

7Како што криват нозете на куциот, така и расказот куца во устата на безумните.

8Она што е оној што клава во праќка скапоцен камен, таков е и оној, кој му прави чест на безумен.

9Она што е трнлива гранка во раката на пијаница, тоа е и зборот во устата на безумните.

10Силниот сѐ врши по своја волја: и глупавиот го дарува, и секој минувач го наградува.

11Како што кучето се враќа на изблуеното, така и безумниот ја повторува својата глупост.

12Ако си видел човек, кој што се смета за мудар, тогаш повеќе надевај се на безумен, отколку на него.

13Кога го испраќаат мрзливиот на пат, тој вели: »ѕвер е на патот, лав има на плоштадот!«

14Вратата се врти на куките свои, а мрзливиот – на леглото свое.

15Мрзливиот ја крие раката своја во пазувата, и тешко му е да ја принесе до устата своја.

16Мрзливиот се смета за помудар од седуммина, кои смислено одговараат.

17Кој, минувајќи, се замешува во туѓа караница, фаќа куче за уши.

18Како што разгневениот фрла оган, стрели и смрт,

19таков е и човекот, кој подмолно го оштетува пријателот свој и потоа вели: »Јас само се пошегував.«

20Кога нема веќе дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, раздорот стивнува.

21Јагленот е за жар, а дрвата – за оган, кавгаџијата, пак – кавга да разгорува.

22Зборовите на оговарачот се како слатки и влегуваат внатре во утробата.

23Она што е глинен сад, глеѓосан со сребро, такви се пламените усти и злобното срце.

24Со устата своја непријателот се преправа, а во срцето подмолност крие;

25кога говори дури и со нежен глас, не верувај му, зашто во срцето негово има седум одвратности.

26Ако омразата негова се прикрива насамо, злобата негова ќе се открие во собранието народно.

27Кој копа јама, ќе падне во неа, и кој тркала камен угоре, врз него ќе се врати.

28Лажливиот јазик ги мрази оние, што ги сопира, и устата ласкава подготвува пропаст.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help