1Чуј го, Боже, гласот мој, кога Ти се молам; зачувај ми го животот мој од непријателот што ме застрашува.
2Ти ме заштити од лукавите, од многуте злочинци.
3Кои ги наострија јазаците свои како меч, го затегнаа лакот свој – па исфрлаат ранливи зборови,
4за да стрелаат скришно на непорочниот; тие стрелаат ненадејно врз него и нема да се уплашат.
5Тие цврсто седоговорија за зло; се договорија како да ја прикријат замката, па си рекоа: кој ќе го види?
6Па бараа неправда, вршеа испитување, но испитување дури до внатрешнината на човекот, но длабоко е срцето.
7Но Бог ќе се прослави: нивните стрели не полетаа.
8И јазиците нивни папсаа на нив. А сите кои ги видоа, се зачудија.
9И секој човек се уплаши. Се објавија делата Божји и ги разбраа созданијата негови.
10А праведникот ќе се развесели во Господа и ќе се надева на Него; и ќе бидат пофалени сите кои се праведни по срце.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
