1Стана Ездра од хармовиот притвор, та отиде во живеалиштето на Јоанана, син Елијасивов,
2и, останувајќи таму, не јадеше леб и не пиеше вода, тагувајќи поради големите беззаконија на народот.
3Тогаш излезе повик по цела Јудеја и Ерусалим до сите оние што се вратија од пленство, да се соберат во Ерусалим;
4на оние, што не ќе се јават внатре за два или три дена, по решение на старешините – претседатели, ќе им биде одземен имотот, и тие самите ќе бидат одвоени од мнозинството на бившите пленици.
5И во три дни се собраа во Ерусалим сите, што беа од коленото Јудино и Венијаминово: тоа беше во деветиот месец, на дваесеттиот ден од тој месец.
6Сиот народ седеше во дворот на храмот, треперејќи од настанатата зима.
7Ездра стана и им рече: »Ете извршивте беззаконие и живеете со жени туѓинки, додавајќи уште гревови на Израилот.
8Затоа воздајте сега исповед и слава кон Господа, Бога на татковците наши,
9извршете ја волјата Негова и одделете се од народите на таа земја и од другоплеменските жени!«
10Тогаш целото множество извика и рече со висок глас: »Како што рече, така и ќе направиме.
11Но множеството е големо, а времето е зимно, и ние не сме во можност да стоиме на отворено небо; а таа работа за нас не е за еден ден, ниту за два дена, зашто многу сме згрешиле во тоа;
12затоа нека бидат поставени началници над множеството, и сите од нашите села, што имаат другоплеменски жени, да доаѓаат своевремено при нив
13со старешините и судиите на секое место, додека не се одврати од нас Божјиот гнев поради таа работа.«
14Го зедоа тоа врз себе Јонатан, синот Асаилов, и Езекија, синот Токанусов, А Месулам, Левис и Саватеј им помагаа.
15И вратените од пленство извршија според сето тоа.
16Свештеникот Ездра си избра главни родоначалници, сите поименично, и тие се собраа во новомесечјето на десеттиот месец, за да ја испитаат работата.
17Испитувањето на мажите, што држеа при себеси другоплеменски жени, се заврши во новомесечјето на првиот месец.
18И се најдоа од собраните свештеници, што имаа другоплеменски жени:
19од синовите на Исуса, Јоседеков син, и од браќата негови – Матилас, Елеазар, Јорив и Јоадан,
20кои дадоа рака да ги напуштат жените свои, и принесоа овни за умилостување поради гревот свој;
21од синовите Емирови – Ананија, Завдеј, Јанин, Самеј, Јериел и Азариј
22ос синовите Фесурови – Елионас, Масија, Исмаил, Натанаил, Окидил и Салоја;
23а од левитите – Јозавад, Самеј, Колиј, Патеј, Јуда и Јона;
24од свештенопевците – Елиасав и Вакхур;
25од вратарите – Салум и Толван;
26од народот Израилски, од синовите Форосови – Јерма, Једија, Мелхија, Маил, Елеазар, Асавија и Ванеја;
27од синовите Илаеви – Матанија, Захарија, Јереил, Јоавдиј, Јеримот и Аидија;
28од синовите Замотови – Елијада, Елисим, Отонија, Јаримот, Сават и Сардеј;
29од синовите Виваеви – Јоан, Ананија, Јозавад и Ематија;
30Од синовите Маниеви – Олам, Мамух, Једеј, Јасув, Јасаил и Јеримот;
31од синовите Адиеви – Натиј, Мосија, Лакун, Наид, Матанија, Сестил, Валнуј и Манасија;
32од синовите Ананови – Елиона, Јасеј, Мехлија, Савеј и Симон Хосамеј;
33од синовите Асомови – Алтанеј, Матиј, Ванеј, Алифалат, Манасиј и Семеј;
34од синовите Вааниеви – Јеремија, Момдиј, Исмаир, Јуил, Мавдај, Педиј, Анос, Равасион, Јенасив, Мамнитанем, Елијасис, Вануј, Елијалиј, Самеј, Селемиј, Натаниј; од синовите Озорови – Сесиј, Езраил, Азаил, Самат, Замри, Јосиф;
35од синовите Етмови – Мазитија, Завадеј, Идај, Јуил, Ванеја.
36Сите тие живееја со другоплеменски жени и ги напуштија со децата.
37И во новомесечјето на седмиот месец свештениците и левитите и Израилците, кои беа во Ерусалим и во областа негова, и синовите Израилеви се населија по местата свои.
38И се собра еднодушно сиот народ на плоштадот пред источната врата на храмот,
39и му рекоа на Ездра, свештеник и толкувач, да го донесе Мојсеевиот закон, даден од Господа, Бога Израилев.
40И првосвештеникот Ездра го изнесе Законот пред сиот народ, мажи и жени, и пред сите свештеници, за да го чујат Законот во новомесечјето на седмиот месец,
41и тој им го читаше на плоштадот пред вратите на храмот од утрината до пладне, пред мажите и жените и сиот народ го слушаше Законот.
42Свештеникот и толкувачот Ездра застана на подготвеното дрвено повисоко место;
43и пред него стоеја оддесно: Мататија, Самуиј, Ананиј, Азариј, Уриј, Езекиј и Валасам;
44а од лево: Фалдеј, Мисаил, Мелхија, Аотасув, Наварија, Захарија.
45Тогаш Ездра ја зеде Книгата на законот пред народот, седна свечено пред исте,
46и додека го објаснуваше Законот, сите стоеја; и Ездра го благослови Господа, Севишниот Бог, Бог Саваот, Вседржителот.
47И сиот народ возгласи: »Амин!« И, откако ги кренаа угоре рацете, сите паднаа ничкум и Му се поклонија на Господа.
48Исто така и левитите: Исус, Ануил, Саравија, Јадин, Јакув, Саватија, Автеј, Меанеј, Калита, Азарија, Јозавад, Ананиј и Вијад, поучуваа во Законот Господов и го читаа пред народот Законот Господов, објаснувајќи го притоа прочитаното.
49Тогаш Атарат му кажа на Ездра, првосвештеник и толкувач, и на левитите, кои го поучуваа народот, и на сите:
50»Овој ден е свет пред Господа – и сите плачеа, кога го слушаа Законот –
51одете и јадете масно и пијте слатко и испратете им милостиња на оние, што немаат,
52зашто овој ден е свет пред Господа; и за тоа не тагувајте, зашто Господ ќе ве прослави.«
53Исто така и левитите му говореа на сиот народ и му рекоа: »Овој ден е свет, не тагувајте!«
54Тогаш сите отидоа да јадат и да пијат, да се веселат, и да даваат милостиња на сиромаси; и се веселеа многу;
55зашто беа восхитени од зборовите, со кои ги поучуваа во собранието.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.