1Откако се навечераа, го воведоа и Товија кај Сара.
2А тој одејќи кон спалната соба, си ги спомна зборовите на Рафаила, па зеде кадилниче и ги стави внатре срцето и црниот дроб од рибата и покади.
3Демонот, штом ја почувствува таа миризма, избега во горните предели на Египет, и ангелот го врза.
4Кога се затворија во собата, Товија стана од постелата и ѝ рече на Сара: »Стани сестро, да Му се помолиме на Господа, за да се смилува на нас.«
5Тогаш Товија почна да се моли: »Благословен си, Боже на нашите татковци и балгословено е Твоето свето и преславно име во сите векови! Да те благословуваат небесата и сите твои созданија!
6Ти го создаде Адама и му ја даде за помошничка Ева, од нив произлезе човечкиот род. Ти си рекол: ‚Не е добро човек да биде сам; да му создадеме помошничка слична на него.‘
7И сега, Господи, јас ја земам оваа моја сестра не од телесна побуда, туку навистина како сопруга. Смилувај се на мене и направи да остареам со неа!«
8И тогаш заедно и двајцара рекоа: »Амин«.
9Затоа тие спиеја спокојно цела ноќ. Меѓутоа Рагуил стана и појде да ископа гроб,
10мислејќи дека е, можеби, и овој умрен;
11па, кога се врати дома,
12н рече на својата жена Една: »Испрати една од слугинките да види дали е жив; ако умрел, веднаш да го погребеме, та никој да не разбере.«
13Слугинката ја отвори вратата, и влесе во собата и виде дека спијат.
14Тогаш излезе надвор и јави дека е жив.
15Рагуил Му благодари на Бога, велејќи: »Боже, биди благословен со секаков чист и свет благослов. Да те благословуваат сите Твои светии, сите Твои созданија, сите Твои ангели и сите Твои избраници, – нека Те благословуваат во сите векови!
16Благословен си, зашто ме развесели; со мене не се случи онака како што мислев, туку ја покажа спрема нас Твојата голема милост.
17Благословен си затоа што се смилува спрема двајцата од ист род! Господи, изли ја врз нив Твојата милсордност, подари им да го завршат својот живот со здравје, веселба и милосрдност.«
18Тогаш им заповеда на своите слуги да го затрупаат гробот.
19Потоа приреди свадбена гозба, која продолжуваше четиринаесет дена.
20И му рече Рагуил со клетва, велејќи: »Не оди си дома додека не изминат деновите на свадбата, не оди си додека не изминат четириесет свадбени денови,
21а тогаш прими ја половината од имотот и врати се жив и здрав при твојот татко; остатокот од имотот ќе го добиеш откако умреме јас и мојата жена.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
