Левит 22 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Жртвите треба да бидат без недостаток. Кој смее да јаде од светите жртвени приноси.

1И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

2»Кажи му на Арона и на синовите негови да постапуваат внимателно со светите приноси од синовите Израилеви и да не го осквернуваат Моето свето име во тоа, што Ми го посветуваат. Јас сум Господ.

3Кажи им: ако некој во целото ваше потомство во вашите родови има на себе некаква нечистотија и пристапи кон светите дарови, што синовите Израилеви Му ги посветуваат на Господа, да се истреби таа душа од пред Мене. Јас сум Господ, вашиот Бог.

4Оној човек од семето Ароново, кои е лепрозен, или има излив на семе, да не јаде од светите дарови сѐ додека не се исчисти, и кој се допре до нешто нечисто од мртовец, или кому му се случи излив на семе при спиење,

5или кој ќе се допре до некој гад, па се оскверни, или до човек од кого се оскверни од каква и да било нечистотија,

6тој што се допрел до тоа да биде нечист до вечерта и да не јаде од светите приноси, пред да го измие целото свое тело со вода;

7но, штом зајде сонцето, да биде чист, тогаш да јаде од осветените дарови, бидејќи тоа е негова храна.

8Мрша или ѕверојадина тој да не јаде, за да не оскверни од нив. Јас сум Господ.

9Нека ги пазат заповедите Мои, за да не навлечат поради нив грев врз себе и да не умрат поради нив, ако се осквернат. Јас сум Господ Бог, Кој ги осветува.

10Никој од друг род да не јаде од светите приноси: кој се населил кај свештеник, ни наемникот негов, не смее да јаде од светите приноси.

11Ако свештеникот си купи човек со пари, тој нека јаде од лебовите негови; исто така и домашните негови можат да јадат од неговите лебови.

12Ако свештеничка ќерка се омажи за човек од друго племе, таа не смее да јаде од првините на светото,

13а ако таа остане вдовица или биде разведена, а нема деца, и се врати во татковата куќа, како што била на млади години, тогаш таа може да јаде од лебовите на татка си; но никој друг род не смее да јаде од нив.

14Кој поради незнаење јаде нешто од осветените приноси, тој дел треба да му го врати толку на свештеникот и да додаде кон него уште една петина од тоа.

15И да не ги осквернуваат светињите на синовите Израилеви, принесувани на Господа;

16и да не навлекуваат врз себе беззаконие поради престап, со тоа што ќе јадат од нивните дарови, зашто Јас сум Господ, Кој ги осветува.«

17И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

18»Кажи им на Арона и на синовите негови и на сите синови Израилеви кажи им: ако некој од синовите Израилеви, или од придојдените меѓу народот Израилев, било поради исповедание или од благодарност принесува жртви какви што Му се принесуваат на Господа, за сепаленица,

19за да му се прими жртвата милостиво, треба да биде од машки пол од стадата волови или овци, или кози, без недостаток;

20а си што има недостаток, да не Му се принесува на Господа, бидејќи тоа ќе Му биде непријатно.

21И ако некој Му принесува на Господа жртва за спасение, исполнувајќи завет или по своја волја, или на вашите празници, тогаш тоа треба да биде од стадата на говедата или овците и да биде без недостаток, за да му биде примена – и да нема никаков недостаток.

22Животно слепо или сакато, или со пресечен јазик, или шугаво, или краставо, или со лишај – такви не принесувајте Му на Господа и од нив не давајте на Господа жртва на жртвеникот.

23Теле или овца со долги уши или кратки нозе можеш да принесеш како жртва по своја волја: но ако е за завет, нема да се прими.

24Животно со дробови слаби и болни, резано или тргано, не принесувај Му на Господа; во земјата ваша не правете го тоа.

25И од рацете на туѓинец на принесувате Му на Господа никакви дарови на вашиот Бог, затоа што тие се повреда, имаа недостаток: тие нема да ви се примат.«

26И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

27»Кога ќе се роди теле, или јагне, или козле, да остане кај мајка си седум дена, а од осмиот ден и натаму ќе може да се принесува како дар на Господа, –

28но не колете ни теле, ниту јагне во ист ден заедно со мајката негова.

29Ако Му принесувате на Господа жртва по завет, со радост принесувајте ја.

30Таа да се изеде истиот ден, не оставајте од месото за другиот ден. Јас сум Господ.

31Пазете ги заповедите Мои и извршувајте ги. Јас сум Господ.

32Не осквернувајте го Моето свето име, за да бидам свет меѓу синовите Израилеви. Јас сум Господ, Кој ве осветува,

33Кој ве изведов од Египетската земја, за да бидам ваш Бог. Јас сум Господ.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help