Мудрост Сирахова 22 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пријателство и претпазливост.

1На извалкан камен прилега мрзливиот и секој го презира неговото бесчестие.

2Мрзливиот е сличен на воловска лепешка; секој што ќе ја подигне, раката ја истресува.

3Лошиот син на таткото е срам, а лошата ќерка за понижување се раѓа.

4Разумната ќерка лесно ќе се мажи, а бесрамната е жалост на родителот свој.

5Нечесната го срамоти и таткото и мажот; обајцата ја презираат.

6Несоодветните зборови се како музика во денови на жалост; на мудроста казната и поуката секогаш се навреда.

7Да поучуваш неразумен е исто што и скршено грне да лепиш или да будиш длабоко заспан човек.

8На глупав да му објаснуваш, исто е што и на задреман човек да му раскажуваш, кој на крајот ќе те праша: »Што беше тоа!?«

9Плачи над умрен, зашто светлината за него исчезнала, а плачи и над глупав, зашто разумот го напуштил.

10Но помалку плачи за умрениот, зашто тој се успокоил; лошиот живот на глупавиот – полош е и од смртта.

11По умрениот жали седум дни, а по неразумниот и безбожниот жали додека се живи.

12Со безумник многу не зборувај и кај неразумен не оди;

13чувај се од него, за да немаш непријатности и да не се извалкаш од допирот со него.

14Бегај од него – за да имаш спокој, да не те огорчи со безумието негово.

15Што е потешко од оловото и како му е името – ако не глупак?

16Полесно е да носиш песок и сол или парче железо, отколку човек неразумен.

17Како што цврсто врзаните греди ја пазат куќата при тресење од уривање, така и срцето утврдено врз зрели размислувања – не се плаши од никаков страв.

18Срцето утврдено на разумно размислување е како украс извајан на ѕид.

19Потпирка ставена високо не устојува против ветар.

20И плашливото срце, при глупаво размислување, не ќе устои против стравот.

21Кој удира око, предизвикува солзи, а кој го удира срцето чувство на болка предизвикува.

22Кој фрла камен на птици – ќе ги избрка, а кој пријател навредува, пријателство расипува.

23Ако си извадил и меч против пријателот, не плаши се, измирувањето е можно.

24Ако си отворил уста против пријател, не плаши се, измирувањето е можно.

25Само хулата, гордоста, откривањето тајни и подмолен удар го одвраќаат секој пријател.

26Кај ближниот свој придобивај доверба додека е сиромав, за д се радуваш заедно со него кога ќе стане богат.

27Остани со него кога е во неволја, за да го делиш наследството со него.

28Пред пламенот во печката се јавува пара и дим, а пред крвопролевање се појавува кавга.

29Не се срамувам пријател да бранам, од лицето негово нема да се кријам.

30Ако, пак, ме снајде зло од него, секој што ќе чуе ќе се пази од него.

31Кој ќе ми даде стража за устата моја и печат на разумот врз усните мои, та да не паднам поради нив и јазикот мој да не ме погуби.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help