2. Ездра 3 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Телохранителите на Дарија прашуваат. Одговорот на првиот телохранител.

1Царот Дариј им приреди голема гозба на своите поданици, на своите домашни и на сите големци од Мидија и Персија,

2и на сите сатрапи, воени началници и началници на потчинетите му земји од Индија дури до Етиопија, – во сто и дваесет и седум страпии.

3Па јадеа, пиеја, се наситија и се разотидоа; а царот Дариј отиде во спалната своја, спиеше и подоцна се разбуди.

4Во тоа време тројца младинци телохранители, што го пазеа телото царево, си рекоа еден на друг:

5»Секој од нас нека каже еден збор, што е најсилно од си? И чиј збор ќе биде поумен од другите, нему царот Дариј ќе му даде големи подароци и голема награда,

6и тој ќе се облекува во плашт, ќе пие од златни садови, ќе спие на злато, ќе се вози во кола, возена од коњи со златни узди, ќе носи на главата преврска од висон и огрлица на враторт,

7ќе седне втор по Дарија поради својата мудрост и ќе се нарекува роднина на Дарија.«

8И веднаш, откако го напиша секој зборот свој, го запечатија и го ставија под перницата на царот Дариј, велејќи:

9»Кога ќе стане царот, ќе му го дадат напишаното, и за кого ќе рече царот и тројцата персиски големци, дека зборот е поумен, нему ќе му се даде предност, како што е напишано.«

10Еден напиша: »Од си најсилно е виното.«

11Вториот напиша: »Најсилен е царот.«

12Третиот напиша: »Посилни се жените, но над си однесува победа вистината.«

13И ете, кога стана царот, му го подадоа напишаното, и тој го прочита.

14И нареди да ги повикаат сите персиски и мидијски големци, сите сатрапи, воени началници и советници,

15па седнаа во палатата за советување, и го прочитаа пред нив напишаното.

16Тогаш рече: »Повикајте ги тие младичи, па нека ги објаснат овие свои зборови.« Ги повикаа и тие влегоа.

17Царот им рече: »Објаснете ни го напишаното.« – Почна првиот, кој говореше за силата на виното, и вака рече:

18»О мажи, колку е силно виното! Тоа доведува до помрачување на умот на сите, што го пијат;

19и тоа го узедначува умот на царот и на сиромавиот, на робот и слободниот, на бедниот и богатиот;

20тоа претвора секој ум во радост и веселба, па човек заборава секаква жалост и секаков долг,

21и сите срца ги прави тоа богати, така што никој не мисли ни за царот, ни за сатрапот, а секого го принудува да говори за своите таланти.

22Кога ќе се напијат, го забораваат пријателството кон пријателите и браќата, па веднаш вадат нож,

23а кога ќе отрезнат од виното, не помнат што правеле.

24О мажи, нели е од си најсилно виното, штом тера на такви постапки?« И откако го кажа тоа, молкна.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help