1 Летописи 5 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Потомците Рувимови, Гадови и Манасиеви.

1Синови на Рувима, првороден Израилев, – тој беше првороден; но откако ја оскверни постелата на татка си, првенството им беше дадено на синовите на Јосифа, син Израилев, но под услов да не се пишат провородени.

2Бидејќи Јуда беше најсилен меѓу браќата свои, тоа и водачот излегуваше од него, но првенството беше пренесено на Јосифа, –

3синови на Рувима, провородениот Израилев, беа: Енох, Фалус, Асром и Хармиј.

4Синови Јоилеви: Семеј и Ванеа, негов син; неговиот син Гог, неговиот син Семеј,

5негов син Миха, негов син Риха, негов син Ваал,

6негов син Веира, кого што асирскиот цар Теглафаласар го одведе во плен. Тој беше кнез на Рувимците.

7А браќата негови, според родовите нивни, според нивниот родословен список, беа: Јоил – главен, потоа Захарија

8и Валек, син Азузов, син на Сама, син Јоилов; тој живееше во Ароир, до Наван и до Веел-Маон;

9потоа живееше тој кон исток до влезот во пустињата, кој се протега до реката Ефрат, зашто беа многубројни во земјата Галадска.

10Во дните на Саула, тие водеа војна со Агарјаните, а тие се настанија во шаторите нивни по целата источна страна на Галад.

11Синовите Гадови живееја спроти нив во земјата Васанска, до Селха:

12во Васан прв беше Јоил, втор – Сафам, потоа Јанин, книжник васански.

13Браќата нивни со челадта своја беа седум: Михаил, Мосолам, Севеј, Јорај, Јохан, Јовија и Овид, седум.

14Еве ги синовите на Авихајла, син Рувинов, и Ади, син Галадов, син на Михаила, син Јесеинов, син Једаинов, син Вузов.

15Ахи, син на Авдиила, син Гуниев, беше старешина во домот на својот род.

16Тие живееја во Галад, во Васан и по селата негови и во сите околности на Сарон, дури до крајните граници нивни.

17Тие сите беа преброени во дните на јудејскиот цар Јоатам и во дните на израилскиот цар Јеровоам.

18Меѓу потомците на Рувима и Гада и полуплемето Манасиево имаше воинствени луѓе, мажи, кои носеа штит и меч, кои стрелаа со лак и свикнати на борба, – четириесет и четири илјади и седумстотини и шеесет души, што одеа во војна.

19Тие војуваа со Агарјаните, со Итурејците, Нафисејците, Надавјеците.

20И помош им беше дадена против нив, и Агарјаните беа предадени во рацете нивни со сѐ, што имаа, зашто во времето на борбите тие го повикуваа Господа, и Он ги услишуваше, зашто на Него се надеваа.

21И ги зедоа стадата нивни: педесет илјади камили, ситен добиток двесте и педесет илјади, осли две илјади и сто илјади луѓе.

22зашто ранети паднаа многу, бидејќи борбата беше од Бога. И живееја на нивното место до преселувањето.

23Потомците од племето Манасиево живееја во таа земја од Васан до Ваал-Ермон и Санир и до гората Ермон; и тие беа многу.

24Еве ги нивните старешини: Гофер, Јеси, Елиил, Јеремија, Јодија и Једиил, мажи силни, мажи прочуени, глави на родовите свои.

25Но кога згрешија против Бога на татковците свои и почнаа да одат блудно по боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно,

26тогаш Бог Израилев го возбуди духот на асирскиот цар Фула и духот на асирскиот цар Теглатфаласара, и тие г преселија Рувимците и Гадовците и полуплемето Манасиево и ги одведоа во Алаи, Јовор и Аран и на реката Гозан, – каде што се и до ден денешен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help