1И ми рече Господ: да беа застанале пред лицето Мое дури Мојсеј и Самуил, душата моја пак немаше да се приклони кон тој народ; отерај ги од пред лицето Мое, нека си одат.
2Ако, пак, те прашаат: »каде да одиме?« – кажи им: вака вели Господ – кој е за смрт, нека оди во смрт: и кој е за меч – под меч; кој е, пак, за глад – на глад; и кој е за ропство – во ропство.
3И ќе испратам врз нив четири вида смрт, вели Господа: меч за да ги убива, кучиња, за да ги раскинуваат, небески птици, и полски ѕверови, за да ги изедуваат и истребуваат.
4И ќе направам да се озлобат против нив сите земни царства заради Манасија, синот на Јудејскиот цар Езекија, за оној што го изврши тоа во Ерусалим.
5Оти, кој ќе те пожали, Ерусалиме, кој ќе ти изјави сочувство, и кој ќе наврати до тебе, за да те праша добро ли ти е?
6Ти Ме остави, вели Господ, отстапи; затоа, ќе ја протегнам Својата рака врз тебе и ќе те погубам; се уморив, за да покажувам милост.
7Јас ќе ги одвеам со вејачка пред портите на земјата, ќе ги лишам од деца, ќе го сотрам Мојот народ; но тие нема да се вратат од своите патишта.
8Ќе има кај нив вдовици многу повеќе од морскиот песок; ќе испратам врз нив, врз мајката на младичите, уништувач попладне, ненадејно ќе ги опфати страв и ужас.
9Ќе изнемогне онаа што лежи, која родила седум, ќе го предава духот; уште во текот на денот ќе зајде сонцето нејзино; таа е смутена и посрамена. И другите од нив ќе ги предадам на меч пред очите на нивните непријатели, вели Господ.
10»Тешко мене, мејко моја, зошто ме роди човек, кој се расправа и се кара со целата земја! Никому не сум давал со лихва и мене никој не ми давал, а сите ме проколнуваат.«
11Годпод рече: крајот ќе ти биде добар, и Јас ќе го присилам непријателот твој да постапува со тебе добро во времето на бедата и за време жалоста.
12Може ли железо да скрши северно железо и бакар?
13Твојот имот и твоите сокровишта ќе ги предадам на разграбување, без цена, заради сите твои гревови, во сите твои предели.
14И ќе те одведам со непријателите твои во земја, што не ја познаваш; зошто оган се разгоре од Мојот гнев, ќе гори над вас.
15О Господи! Ти сѐ знаеш; сети се за мене и посети ме, и одмазди се за мене на моите гонители; според Своето долготрпение не погубувај ме; Ти знаеш дека заради Тебе поднесувам поруга.
16Ги најдов зборовите Твои и ги проголтав; Твоето слово ми беше за радост и веселба на срцето мое; оти името Твое е призивано врз мене, Господи Боже Саваот.
17Не, на совет со подбивачи и не сум се веселел: под Твојата тешка рака врз мене седев сам, бидејќи Ти ми беше исполнил со негодување.
18Зошто е толку долготрајна болката моја, и раната моја е толку неизлечива, оти не се подавам ли на лекување? Зар Ти ќе бидеш за мене како лажлив извор, како неверна вода.
19Затоа, вака рече Господ: ако се обратиш, ќе те поставам пак на нозе и ќе стоиш пред лицето Мое; и, ако извлечеш скапа работа од ништо, ќе бидеш како Мојата уста. Тие сами ќе се свртуваат кон тебе, а ти нема да се обрнуваш кон нив.
20И за тој народ ќе те направам силен бакарен ѕид; тие ќе војуваат против тебе, но нема да те победат, бидејќи Јас сум со тебе, за да те спасувам и да те избавувам, вели Господ.
21И ќе те спасам од рацете на лошите и ќе те избавам од рацете на насилниците.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.