1Кога настапи седмиот месец, и синовите Израилеви веше беа по градовите, народот се собра како еден човек во Ерусалим.
2Тогаш стана Исус, синот Јосадеков, и браќата негови, свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, и браќата негови, и му изградија на Бога Израилев жртвеник, за да принесуваат на него сепаленици, како што е пишано во законот на Мојсеја, човекот Божји.
3Го поставија жртвеникот врз основите негови, бидејќи се плашеа од другоземните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господа, сепаленици утрени и вечерни.
4И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, со секојдневните сепалениси во определен број според уставот за секој ден.
5Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господа, како и доброволни приноси на Господа од секого, кој што сакаше.
6А од првиот ден на седмиот месец почнаа да му принесуваат сепаленици на Господа. Но на Господовиот храм уште не му беа поставени темелите.
7И почнаа да даваат пари на каменоделци и дрводелци, и јадење, пиење и масло на Сидонци и Тирци, за да донесат кедрово дрво од Ливан по море во Јафа, со дозвола од Кира, царот персиски.
8На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот Јоседеков, и другите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите, што беа дошле од пленство во Ерусалим, ставија почеток и поставија левити од дваесет години и нагоре, што ќе ги надгледуваат работите при домот Господов.
9И се зафатија Исус, синовите негови и браќата негови, Кадмил и синовите негови, – синови Јудини – како еден човек за да ги надгледуваат работниците при домот Господов, а исто така и синовите Инададови, синовите нивни и браќата нивни – левитите.
10Кога ѕидарите ги положија основите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити – синови Асафови – со кимвали, за да го слават Господа по уставот на Давида, царот Израилев.
11И почнаа да пејат по ред »хвалете« и »славете Го Господа, зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израила е до века.« И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејќи Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Господовиот дом.
12Меѓутоа, мнозина свештеници и левити и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, кога се градеше новиот храм пред очите нивни, плачеа гласно, но мнозина и подвикнуваа силно од радост.
13И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто нароот викаше силно и гласот негов се слушаше надалеку.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
