1Павле, затвореник на Исуса Христа, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник,
2и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот другар во војувањето, и до твојата домашна црква.
3Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господа Исуса Христа!
4Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои,
5бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господа Исуса и кон сите светии,
6и молам твојата вера, што ја имаме заедно, да се покаже на дело во познавањето на секое добро, кое го имате во Христа Исуса.
7Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.
8Затоа, иако имам во Христа голема слобода да ти заповедам како што треба,
9сепак од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник Исус Христов,
10те молам за моето чедо Онисим, што го родив во оковите свои:
11и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу потребен и тебе и мене, и го праќам назад;
12а ти прими го како мое срце.
13Јас сакав да го задржам при мене, за да ми служи место тебе во оковите за Благовестието;
14но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.
15Зашто, можеби, тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,
16не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело и во Господа.
17И така, ако ме имаш за соучесник, прими го како мене.
18Ако, пак, во нешто ти згрешил или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.
19Јас, Павле, напишав со својата рака: јас ќе платам, за да не ти речам, дека ти и самиот цел си ми должен.
20Да, брате, да го добијам од тебе во Господа она, за што Го молам; развесели го срцето мое во Господа.
21Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.
22А заедно со ова приготви ми и потслон, оти се надевам дека со вашите молитви ќе ви бидам даруван вам.
23Те поздравува Епафрас, кој е со мене затвореник во Христа Исуса, Марко, Аристарх, Димас, Лука – моите сотрудници.
24Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
