1Потоа ја отвори Јов устата своја и го проколна својот ден.
2Па почна Јов и рече:
3»Нека е проклет денот, во кој се родив, и ноќта во која рекоа: – се роди дете!
4Тој ден нека биде темнина; да не го побараше Бог одозгора и да не изгрееше над него светлина!
5Да го затемнеше темнина и смртна сенка, црн облак да го покриеше, за да се плашат од него, како од врел сончев изгор!
6Таа ноќ, – темнина да ја опфати, да не се смета меѓу дните на годината, да не влезе во бројот на месеците!
7О, таа ноќ! Без луѓе да беше; веселба да не влезеше во неа!
8Нека ја проколнат оние, што го колнат денот, кои се способни да го разбудат левијатанот!
9Нека потемнат ѕвездите во самракот; да ја чекаше светлината и таа да не дојдеше за да не ги види трепките на зората;
10зашто не ги затвори дверите на мајчината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои!
11Зошто не без умрел кога сум се раѓал, и не бев издивнал – кога сум излегувал од утробата?
12Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради?
13И сега ќе лежев и ќе почивав; ќе спиев; и ќе ми беше спокојно
14заедно со царевите и земни советници, кои градеа пустињи за себеси,
15или со кнезови, што имаа злато и кои ги полнеа домовите со сребро;
16или, како пометниче закопано, немаше да ме има, како младенците што не виделе светлина.
17Таму беззакониците престануваат да задаваат страв, таму почиваат изнемоштените.
18Таму затворениците заедно се насладуваат од спокојство и не ги слушаат викотниците на надзирателот.
19Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој.
20Зошто на бедниците им е дадена светлина, и живот – на душевно огорчените,
21кои ја очекуваат смртта, а ја нема, што ја бараат повеќе отколку закопана драгоценост,
22би се радувале до восхит, би се восхитиле, зашто нашле гроб?
23Зашто му е дадена светлина на човекот, чиј пат е сокриен и кого Бог со мрак го опкружил?
24Воздишките мои го испреваруваат лебот мој, офкањата мои течат како вода,
25зашто страшното, од што се ужасував, тоа ме снајде; од што се плашев, тоа ме сполета.
26Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
