1Господи, кон Тебе повикав: услиши ме, чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон Тебе!
2Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои – како жртва вечерна.
3Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои;
4не давај да застрани срцето мое кон зборовите лукави, да врши грешни дела заедно со луѓето, кои вршат беззаконија; јас нема да се здружам со нивните избраници.
5Преведникот нека ме казнува – тоа е милост; нека ме изобличува, не не давај елеј на грешник да ја помаже главата моја; зашто и молитвата моја се противи на нивната злоба.
6Судиите нивни, кога ќе се распрснат по стрмни камења, ќе се чујат зборовите мои, зашто се пријатни.
7Како кога грутка земја ќе падне се растура, така се растурија коските наши во пеколот.
8Но кон Тебе, Господи, Господи, се управени очите мои; на Тебе се надевам, не одземај ја душата моја!
9Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од соблазната на оние што вршат беззаконија.
10Грешиците нека паднат во своите мрежи, само јас ќе поминам.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
