Ефесјаните 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Величањето на Бога, Кој нѐ благословил преку Христа. Молитва за растење во милоста. Христос е глава на Црквата.

1Од Павла, по волјата Божја апостол на Исуса Христа, до светиите, што се во Ефес, и до верните во Исуса Христа:

2благодат и мир на вас од Бога, нашиот Отец, и Господа Исуса Христа!

3Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови во Христа, со секаков духовен благослов од небесата,

4како што и нѐ избра преку Него, уште пред светот да се создаде, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта,

5откако предопредели да нѐ посини за Себе преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја,

6за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нѐ облагодати преку Својот Возљубен Син,

7во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите по богатството на Неговата благодат.

8Таа благодат Он ни ја даде изобилно во секоја премудрост и разум,

9откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение, што го беше од порано положил во Себеси,

10во уредувањето и извршувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христа.

11Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени по наредбата на Бога, Кој врши сѐ според волјата Своја,

12за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христа.

13Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината – Благовестието за вашето спасение – и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух,

14Кој е залог за нашето наследство, та да се откупи Неговото достоинство за пофалба на Неговата слава.

15Ете, затоа и јас, кога чув за вашата вера во Христа Исуса, и за љубовта кон сите светии,

16не престанувам да Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои,

17та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение, за да Го познаете,

18и да ги просвети очите на срцата ваши, за да увидите, во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите,

19и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме преку дејството на Неговата крепка сила.

20Таа сила Он ја покажа во Христа, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата,

21повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име, со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,

22и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата,

23која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help