1Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името Твое, Севишни,
2да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја ноќ – Твојата вистина,
3на десетострунен псалтир, со песна на гусле.
4Зашто Ти ме развесели, Господи, со Твоите созданија, и од делата на Твоите раце е зарадував.
5Колку се големи делата Твои, Господи! многу се длабоки Твоите помисли!
6Безумниот човек не ќе може да ги узнае, и неразумниот нема да го разбере тоа.
7Кога грешниците никнуваат како трева, и кренат глава оние што вршат беззаконие, тоа е за да бидат истребени засекогаш, –
8Ти си, Господи, Севишни секогаш!
9Зашто, еве, непријателите Твои, Господи, ќе пропаднат и ќе се растураат сите што вршат беззаконие;
10а мојот рог Ти го вознесуваш како рог на еднорогот, и староста моја со елеј се помазува,
11и окото мое ги погледа непријателите мои, и увото мое ќе чуе за побунетите против мене беззаконици.
12Преведникот процути како палма, ќе се издигне како кедар ливански.
13Засадените во домот Господов, ќе процутат во дворовите на нашиот Бог;
14тие и во староста ќе бидат плодни, помазани и ќе живеат угодно,
15за да возвестуваат дека е праведен Господ, нашиот Бог, и дека нема неправда од Него.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
