Исус Навин 14 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Наследството на Халев.

1Еве што наследија синовите Израилеви во Хананската земја, што им раздели свештеникот Елеазар и Исус Навинов, и кнезовите на татковските племиња на синовите Израилиеви;

2на деветте племиња и на полуплемето Манасиево, разделба извршија со жреб, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја,

3зашто на двете племиња и на племето Манасиево Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел меѓу нив,

4бидејќи од Јосифовите синови произлегоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на Левитите дел од земјата, туку само градови за живеење и предградија за добитокот нивни и за други нивни потреби.

5Како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така и направија синовите Израилеви, кога ја разделуваа земјата.

6Јудините синови дојдоа во Галгал кај Исуса. И му рече Кенезеецот Халев, синот Јефониев: »Ти знаеш, што му говореше Господ на Мојсеја, човекот Божји, за мене и за тебе во Кадис-Варни.

7Јас бев на четириесет години, кога Мојсеј, слугата Господов, ме прати од Кадис-Варни да ја разгледам земјата и му донесов одговор, она што ми беше на срцето;

8браќата мои, кои одеа со мене, го обесхрабрија срцето на народот, но јас точно го следев Господа, мојот Бог;

9и се заколна Мојсеј во оној ден, велејќи: ‚земјата, по која одеше, ќе биде наследство за тебе и за децата твои за навек, бидејќи ти одеше точно по Господа, мојот Бог.‘

10И така, ете, Господ ме запази жив, како што говореше; четириесет и пет години веќе изминаа, откога Господ му ги беше кажал тие зборови на Мојсеја, и Израилот одеше по пустиња; сега, еве, јас сум на осумдесет и пет години;

11но и сега сум толку цврст, како и тогаш, кога ме прати Мојсеј: колку што имав сила тогаш, толку имам и сега, да влегувам, да излегувам и да војувам.

12Затоа, дај ми ја таа гора, за која говореше Господ во оној ден; бидејќи ти чу во тој ден, дека таму живеат Енаковите синови, и тие имаат градови големи и утврдени; можеби, Господ ќе биде со мене, и јас ќе ги истерам, како што ми рече Господ.«

13Исус го благослови и му го даде во наследство Хеврон на Јефоновиот син Халев, Кенезеецот.

14Затоа Хеврон остана и до денес во наследство на Јефониовиот син Халев, Кенезеецот, бидејќи постојано се покоруваше на заповедите од Господа, Израилевиот Бог.

15Името на Хеврон порано беше Аргов, како што се викаше еден крупен човек меѓу синовите Енакови. Така земјата се смири од војна.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help