2 Летописи 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Осветување на храмот.

1Кога Соломон ја заврши молитвата, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Господова го исполни домот.

2И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Господова го исполни домот Господов.

3И сите синови Израилеви, кога видоа, како слезе оган и слава Господова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е благ, зашто милоста негова е вечна.

4А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господа.

5И принесе царот Соломон на жртва дваесет и две илјади вола и сто и дваесет илјади овци: така го осветија Божјиот дом царот и сиот народ.

6Свештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господа, што ги беше направил царот Давди, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израиел стоеше.

7Соломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Господов: таму ги принесе сепалениците и лојот од мирните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Соломона, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот.

8И направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израил, – многу голем собор, што се беше стекол од влезот во Емат до Египетскиот поток;

9а на осмиот ден направија попразненсто, зашто осветувањето на жртвеникот го правеа седум дена и празникот – седум дена.

10И на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и весели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давида и Соломона и на својот народ Израилот.

11И го заврши Соломон домот Господов и домот царски, заврши успешно сѐ, што беше наумил во срцето свое да го изврши во Господовиот дом и во својот дом.

12И Господ му се јави на Соломона ноќе и му кажа: »Ја чув твојата молитва и Си го одбрав тоа место за дом на жртвопринесувања.

13Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ.

14и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се смири, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.

15И сега очите Мои ќе бидат отворени и ушите Мои внимателни кон молитвата во ова место.

16И сега јас го избрав и го осветив овој дом, та името Мое да биде таму засекогаш; и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.

17И, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти Давид, и ако вршиш сѐ, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш уредбите Мои и законите Мои,

18Јас ќе го зацрвстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татка ти Давид, велејќи: ‚нема да снема маж, што ќе владее над Изралот.‘

19Но, ако отстапите и ако ги напуштите наредбите Мои и заповедите Мои, што сум ви ги дал, и тргнете да служите на други богови и да им се поклонувате,

20Јас ќе го истребам Израилот од лицето на Мојата земја, што сум му ја дал, и овој храм, што сум го осветил на Мое име, ќе го отфрлам од лицето Свое и ќе го направам за приказ и за потсмев кај сите народи.

21А за овој храм, толку славен, секој, што ќе мине покрај него, ќе се вџаши и ќе рече: ‚Зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘

22И ќе речат: ‚Затоа, што тие Го оставија Господа, Бога на татковците свои, Кој ги изведе од Египетската земја, и се приврзаа за други богови, и, се поклонуваа и им служеа, – затоа Он им го испрати сево ова зло.‘«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help