Откровение 15 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Пеачи на стаклено море. Последните седум зла. Седумте чаши на гневот.

1И видов друг знак на небото, голем и чуден: седумте ангели, што ги држеа седумте последни порази, зашто со нив ќе се заврши Божјиот гнев.

2И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; а оние што го победија ѕверот и неговиот лик, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа гусли Божји.

3И ја пееја песната на Мојсеја, Божјиот слуга, и песната на Агнецот, велејќи: »Големи и чудни се делата Твои, Господи Боже Седржителу! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Цару на народите!

4Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое? Оти само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи Твоите судови станаа јавни!«

5Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот на скинијата на сведоштвото.

6И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси.

7И едно од четирите животни на седумте ангели им даде седум златни чаши, полни со гневот на Бога, Кој живее во веки веков.

8И се исполни храмот со дим од славата на Бога и од силата Негова, и никој не можеше да влезе во храмот, додека не се извршија седумте порази на седумте ангели.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help