Мудрост Сирахова 7 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Различни совети.

1Не прави зло, и зло неема да те постигне;

2бегај од неправда и неправдата ќе избега од тебе.

3Синко, не сеј во браздите на неправдата, и нема да ожнееш од нив седумпати повеќе.

4Не барај од Господа власт, ниту од царот – место почесно.

5Не оправдувај се пред Господа и пред царот – не мудрувај.

6Не барај да станеш судија, за да не се покажеш немоќен да ја уништиш неправдата, да не се уплашиш од силниот и сенка да не фрлиш врз својата правичност.

7Не греши пред собирот на граѓаните и не понижувај се пред народот.

8Не притурај грев врз грев, зашто ни за еден од нив нема да останеш неказнет.

9Не вели: »Ќе погледне Бог благонаклоно на многуте мои дарови; ќе ги прими – кога ќе Му ги принесам.«

10Не бивај малодушен во твојата молитва и не занемрувај ја милостињата.

11Не подбивај се со оној што душевно страда, зашто има Кој да смирува и Кој да возвишува.

12Не измислувај лага против својот брат; не прави му го тоа – ни на пријателот твој.

13Бегај од секаква лага; од неа нема никакво добро.

14На собир на постари не зборувај многу, ниту ги повторувај зборовите во твојата молитва.

15Не бегај од тешка работа; не бегај ни од земјоделскиот труд; тој е заповедан од Севишниот.

16Не присоединувај се кон мноштвото на грешниците.

17Длабоко смири ја својата душа.

18Помни дека гневот не задоцнува;

19казна за грешникот се огнот и црвите.

20Не менувај пријател за богатство, ниту роден брат – за офирско злато.

21Не оставај разумна и добра жена; достоинството нејзино – поскапоцено е од злато.

22Не навредувај слуга што се труди чесно, ни наемник што ти служи верно.

23Душата твоја нека го сака разумниот слуга; не ограничувај му ја слободата.

24Имаш ли добиток, пази го, а ако ти е од полза – зачувај го.

25Ако имаш синови, поучувај ги; од малечки свикнувај ги на послушност.

26Ако имаш ќерки, грижи се за нивната чесност; не биди премногу добар со нив;

27омажи ја твојата ќерка и со тоа ќе направиш големо дело; подари ја на разумен маж.

28Ако имаш жена што ти е по твоето срце, не гони ја од себе.

29Почитувај ги татко ти и мајка ти со сето свое срце и не заборавај ги родилните болки на твојата мајка.

30Помни дека од нив си роден; што можеш да им дадеш за сето она што го направиле за тебе?

31Со сета твоја душа сакај Го својот Гсопод и почитувај ги неговите свештеници.

32Со сета твоја сила сакај Го својот Создател и не оставај ги Неговите служители.

33Имај страв од Господа и почитувај го свештеникот; дај му го неговиот дел, како што ти е заповедано:

34И правините и за грев и давањето плешка, и жртвата за осветување и првите плодови за светиите.

35И кон сиромав пружај ја раката своја, та благословот твој да биде совршен.

36Биди милостив спрема секое живо создание; но и умрените не лишувај ги од милост.

37Не бегај од оние што плачат, туку тагувај заедно со нив.

38Не биди мрзлив да ги посетуваш болните; за тоа ќе бидеш сакан.

39Во сите твои работи спомнувај си за твојот крај, и никогаш нема да згрешиш.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help