1Одговори на тоа Јов и рече:
2»Како му помогна Ти на бессилниот, како ја поддржа мишката на слабиот!
3Каков совет му даде Ти на немудриот и како наполно ја објасни целата работа!
4Кому му ги кажуваше тие зборови? Чиј дух излегуваше од Тебе?
5Исполините треперат под водите, и по оние што живеат во нив.
6Пеколот е откриен пред Него, и нема покривка над пеколот.
7Го послал Он северот над празнината, ја закачил земјата на ништо.
8Он ги заклучува водите во облаците Свои, и облакот под нив не се отвора.
9Го поставил престолот Свој и го распнал над него Својот облак.
10Ставил црта над водната површина додека не дојде крајот на светлината и темнината.
11Столбовите небески се тресат и треперат од силата Негова.
12Со силата Своја го бранува морето и со разумот Свој го поразува беснеењето негово.
13Неговиот Дух му дал велелепност на небото; раката Негова ја создала змијата што ползи.
14Ете, тоа се делови од патиштата Негови; а колку малку сме слушале за Него! И кој може да го разбере громот на Неговата моќ?«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
