Левит 12 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Наредба за родилките.

1И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

2»Кажи им на синовите Изрилеви и речи им – кога жената ќе забремени и роди машко дете, нечиста ќе биде седум дена, како во деновите на природното очистување свое, така ќе биде нечиста.

3А во осмиот ден нека му се обреже на детето крајниот дел.

4А таа нека остане уште триесет и три дена чистејќи се од крвта; до ништо свето да не се допира и да не влегува во светилиштето си додека не изминат деновите не нејзиното чистење.

5А ако роди женско дете, тогаш нечиста да е четиринаесет дена, како во времето на природното чистење, и шеесет и шест дена нека остане, чистејќи се од крвта на својата нечистотија.

6И кога ќе се навршат деновите на чистењето нејзино, тогаш заради синот или заради ќерката нека донесе при свештеникот пред скинијата на сведоштвото јагне без недостаток, едногодишно – жртва сепаленица или гулапче или грлица како жртва поради грев.

7И свештеникот нека ја принесе пред Господа и да се помоли за неа, и така ќе ја очисти од течењето на крвта нејзина. Тоа е закон за жената што ќе роди машко или женско дете.

8Ако не е во можност да донесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња, едното како жртва сепаленица, а другото поради жртва за грев; ќе се помоли за неа свештеникот, и таа ќе се очисти.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help