1И би слово Господово до мене:
2»Сине човечки, изречи пророштво против пророците на Израилот, кои пророкуваат, и кажи им на оние, што пророкуваат од свое срце: чујте го словото Господово.
3Вака вели Господ Бог: тешко им на безумните пророци, што се водат од својот дух, а ништо не виделе.
4Твоите пророци, Израиле, се како лисици во развалини.
5Во пролом и вие не влегувате и не го оградувате со ѕид домот Израилев за да биде цврст при битката во денот Господен.
6Тие гледаат суета и претскажуваат лага, велејќи: ‚Господ вели‘, а Господ не ги испратил; и даваат надеж дека словото ќе се исполни.
7Зар не видовте суетно видение и не кажувате ли лажно предвестие, велејќи: ‚Господ вели‘, а Јас, пак, не сум рекол?
8Затоа вака вели Господ Бог: – бидејќи кажувате суета и гледате во виденијата лага, Јас сум против вас, – вели Господ Бог.
9И ќе биде раката Моја против тие пророци, кои гледаат суета и претскажуваат лага; во советот на Мојот народ тие нема да бидат, во списокот на домот Израилев нема да бидат запишани и во земјата Израилева нема да влезат. Па ќе познаете, дека Јас сум Господ Бог.
10Затоа што го воведуваат Мојот народ во заблуда, велејќи: – мир, а мир нема; и кога тој гради ѕид, а тие со кал го мачкаат.
11Кажи им на тие што ѕидот го мачкаат со кал, дека тој ќе падне, ќе заврне силен дожд и ти, ѕиду од камен, ќе паднеш и силен ветар ќе те распарчи.
12И, ете, ѕидот ќе падне; нема ли тогаш да кажат: ‚Каде е мачканицата, со која го мачкавме?‘
13Затоа вака вели Господ Бог: Ќе пуштам разорен ветар во гневот Свој и ќе падне пороен дожд во јароста Моја, и град како камења во јадот Мој ќе биде за истребување.
14Ќе го урнам ѕидот, што го мачкавте со кал, и ќе го фрли на земја; ќе се открие темелот негов, па ќе падне, а вие заедно со него ќе загинете, и ќе познаете, дека Јас сум Господ.
15И ќа ја излеам јароста Своја врз ѕидот и врз оние што го мачкаа со кал, и ќе ви речам: – го нема ѕидот и ги нема оние, што го мачкаа –
16пророците Израилеви, кои му пророкуваа на Ерусалим и го известуваа за мирни виденија, кога мир немаше, – вели Господ Бог.«
17А ти, сине човечки, сврти го лицето свое кон ќерките на овој народ, кои пророкуваат од своето срце, и кажи пророштво против нив.
18па речи – вака вели Господ Бог: »Тешко им на оние што си пришиваат магијски амајлии под мишките и прават превези на главата за секоја возраст, само да ловат души. Зар ловејќи ги душите на Мојот народ, вие ќе си ги спасувате вашите души?
19И Ме обесчестувате пред Мојот народ за рака јачмен и за парчиња леб, умртвувајќи ги душите што не треба да умрат, а оставајќи ги да живеат оние души, што не треба да живеат, лажејќи го народот што слуша лага.«
20Затоа вака вели Господ Бог: »Еве, Јас сум против вашите магиски амајлии, со кои ги ловите душите како птички, ќе ги искинам од под мишките ваши и ќе ги пуштам на слобода душите, што ги ловите како птички.
21Ќе ги парчосам вашите покривала и ќе го избавам Својот народ од рацете ваши; тие нема да бидат веќе плен во рацете ваши, па ќе познаете дека Јас сум Господ.
22Поради тоа што со лага го жалостите срцето на праведникот, кого Јас не сакам да го жалостам, и ги задржувате рацете на грешникот, за да не се одврати од својот порочен пат, па не го зачува својот живот,
23затоа нема да имате веќе суетни виденија и во иднина нема веќе да баете, Јас ќе го избавам мојот народ од рацете ваши, и ќе познаете, дека Јас сум Господ.«
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.