Броеви 34 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Границите на земјата Хананска.

1Му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2»Заповедај им на синовите Израилеви и кажи им: кога ќе влезат во Хананската земја, таа е земјата, кој ќе ви се падне во дел, земјата Хананска со пределите нејзини:

3вашата страна ќе биде онаа во југ, од пустињата Син, дури до Едом, како и пределот кон Лив, од крајот на Соленото Море откај исток,

4и да се граничи со пределите од југ до Акравинските возвишенија да минува кон југ кај Кадис-Варни да излегува кај полето Арад, минувајќи преку Аселмон;

5од Аселмон линијата да оди кон Египетската река и излегува кон морето.

6И морските предели да бидат ваши, предели што ги определува морето – тоа е морската граница.

7Откај север, пак, да имате граница: од големото море да ја измерите сами до горите,

8од горите таа да продолжува до Емат, и оттука свртува кон Садад;

9оттаму границата да продолжи кон Зефрон и да скршнува кон Арсенаин: тоа да ви биде северната граница.

10Источната граница измерете ја сами од Арсенаин до Сепфамара,

11од Сепфамара да продолжи кон Вил до изворите, потоа таа прави завој до морето Кинерет, од источната страна;

12таа граница излегува на Јордан и прави завој кон Соленото Море. Тоа да ви биде земјата со границите нејзини наоколу.«

13Тогаш им заповеда Мојсеј на синовите Израилеви и рече: »Еве ја земјата што ќе ја поделите со жреб, која Господ заповеда да им се даде на деветте племиња и половината од племето Манасиево,

14зашто племето на Рувимовите синови според домовите нивни, и племето на Гадовите синови според домовите нивни, и половината од Манасиевото племе, го добија својот дел:

15двете племиња и половината племе го добија својот дел со жреб од ова страна на Јордан, спроти Јерихон на исток.«

16И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

17»Ова се имињата на мажите, што ќе ја поделат таа земја меѓу вас, свештеникот Елеазар, и Исус, Навиновиот син;

18а за делењето на земјата земете и по еден кнез од секое племе.

19А еве ги имињата на тие мажи: за Јудиното племе-Халев, синот Јефониев;

20за племето на Симеоновите синови – Самуил, синот Амиудов;

21за Венијаминовото племе – Елдад, синот Хаслонов;

22за племето на Дановите синови – кнезот Вакхир, Еглиновиот син;

23за Јосифовите синови, за племето на Манасиевите синови – кнезот Анил, Ефодовиот син;

24за коленото на Ефремовите синови – кнезот Камуил, синот Сафатанов;

25за племето за Завулоновите синови – кнезот Елисафан, синот Фарнахов;

26за племето на Исахаровите синови – кнезот Фалтиил, синот Озанов;

27за племето на Асировите синови – кнезот Ахир, синот Селемиинов;

28за племето на Нефталимовите синови – кнезот Фадаил, синот Амиудов.«

29Тоа се оние, на кои Господ заповеда да ги поделат деловите меѓу синовите Израилеви во Хананската земја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help