Песна над песните 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Радост поради враќањето на пријателката.Хорот:

1Каде отиде твојот возљубен, о, најубава меѓу жените? Каде скришна твојот возљубен? Ние ќе го побараме со тебе.

Возљубената:

2Мојот возљубен отиде во градината своја, во ароматните цветници, за да пасе во градината и да бере кринови.

3Јас му припаѓам на мојот возљубен, а мојот возљубен мене; тој пасе меѓу криновите.

Возљубениот:

4Убава си, мила моја, како Тирса, прекрасна – привлечна како Ерусалим, страшна како војска со знамиња.

5Тргни ги очите од мене, зашто ме збунуваат.

6Косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галад; забите ти се како стадо овци, кога излегуваат од капење, од кое секоја е со по две јагниња, и јалова меѓу нив нема,

7твоите образи под превезот твој се како две половинки од калинка.

8Има шеесет царици, осумдесет наложници и безброј моми,

9но единствена е таа, гулабицата моја, совршената моја; единствена е таа на мајка си, избрана кај родителката своја. Ја видоа момите, и ја возвеличија, ја видоа и цариците возљубената, и ја пофалија.

Хорот:

10»Која е таа, што болска како зора, убава како месечина, светла како сонце, страшна како војска со знамиња?«

11Слегов во ореовата градина да погледнам зелена долина, да видам дали се развила лозата, дали процутеле калинките. Таму ќе ти ги дадам усните мои.

12Не знам, како душата да ме влече кон колите на големците од мојот народ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help