Мудрост Сирахова 14 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Вистинско блаженство.

1Блажен е оној што не згрешил со уста и што не почувствувал болка поради грев.

2Блажен е оној што душата негова не го осудува и што надежта не ја загубил.

3На скржавиот не му прилега богатство; што ќе му е имот на завидливец?

4Кој од себе одзема, за други собира; со богатството негово друг ќе се насладува.

5Кој за себе е лош, за кого добар ќе биде? Таквиот не ќе му се радува на имотот свој.

6Нема полош од оној, кој за себе добро не сака; тоа му е казна за злобата негова.

7Па, ако и добро направи, го прави ненамерно; подоцна своето зло го пројавува.

8Лош е кој очи завидливи има; кој поглед свртува и презира луѓе.

9Среброљубец не е задоволен од она што го има; неправдата душата му ја суши.

10Скржавиот и лебот го штеди; неговата трпеза секогаш е скудна.

11Синко, според имотот свој, прави добро на себеси и на Господа жртви достојни принесувај.

12Помни дека смртта не задоцнува и дека заветот на пеколот не ти е откриен.

13Пред да умреш, на пријателот добро прави му; според твоите сили – што можеш давај му.

14Не лишувај се од добриот ден; делот од твојата добра желба да не те одмине.

15Нема ли на други имотот свој да го оставиш, а плодот на твоите усилби – со ждрепка други да го делат?

16Давај и земај и утешувај ја душата своја.

17Утеха во пеколот нема да најдеш.

18Сѐ што е живо како облека остарува; вечна е одредбата дека треба да се умре.

19Како и зелените лисја на бујно дрво – едни паѓаат, а други растат, така е и со родот од крв и месо: еден умира, а друг се раѓа.

20Секое дело што гние – пропаѓа, и оној што го направил – умира со него.

21Блажен е човекот што напредува во мудроста, а со разумот свој на работи свети се учи.

22Кој во срцето свое размислува за нејзините патишта, тој успева да ги разбере тајните нејзини.

23Тој како ловец ја гони и заседи поставува на патиштата нејзини.

24Оној што ѕирка низ прозорците нејзини, ќе прислушува и на нејзините врати.

25Тој што е близу до нејзината куќа, клинец забива во нејзиниот ѕид; шаторот свој до неа го поставува, ќе живее во дом на изобилство;

26децата свои ги остава под нејзината закрила и живее под нејзините гранки;

27се засолнува од жегата и живее во славата на мудроста.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help