1А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења,
2преку лицемерството на оние, што зборуваат лага и имаат жигосана совест;
3кои што забрануваат да се стапува во брак и советуваат воздржување од јадења, што ги создал Бог, верните да ги јадат со благодарност и оние, што ја познаа вистината.
4Оти секое творение Божјо е добро и ништо не е за отфрлување, штом се прима со благодарност,
5бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
6Кога ќе ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар слуга на Исуса Христа, хранет со зборовите на верата и на доброто учење, што си го примил.
7Од погани и бапски приказни одбегнувај, туку обучувај се во побожност;
8оти телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот.
9Тие зборови се верни и достојни за секакво примање,
10затоа и се трудиме и укори трпиме, оти се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на верните.
11Ова препорачувај го и поучувај!
12Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во словото, животот, љубовта, духот, верата и чистотата!
13Додека дојдам, занимавај се со читање, со утешување и со поучување!
14Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво со полагање раце врз тебе од свештенството!
15Грижи се за тоа, биди во него, та успехот твој да се покаже во сѐ!
16Пази на себе и на учењето; биди постојано во тоа, оти, ако постапуваш така, ќе се спасиш и сам и оние што те слушаат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
