Броеви 18 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Службата на свештениците и левитите и нивната издршка.

1И му рече Господ на Арона: »Ти и синовите твои и татковиот ти дом заедно со тебе, понесете го врз себе гревот за немарноста во светилиштето; и ти и синовите твои заедно со тебе ќе го понесете врз себеси гревот за свештенодејствието свое.

2Земи ги кај себе браќата твои, од племето Левиево од родот на таткото твој; нека бидат тие кај тебе и нека ти служат, а ти и синовите твои заедно со тебе бидете кај скинијата на сведоштвото;

3и да пазат на тебе и на скинијата; само да не се доближуваат до светите сосуди и до жртвеникот, за да не умрете и вие, и тие.

4Нека бидат тие при тебе и да ја чуваат скинијата на сведоштвото, и на сите работи во скинијата; а човек надворешен да не пристапува кон тебе.

5Така пазете го светилиштето и жртвеникот, за да нема во иднина гнев против синовите Израилеви;

6зашто вашите браќа, левитите, Јас ги зедов меѓу синовите Израилеви и ви ги дадов вам како дар што Му е даден на Господа, за да служат при скинијата на сведоштвото;

7а ти и синовите твои заедно со тебе пазете го свештенството свое со си што принадлежи на жртвеникот; Јас ви подарувам служба свештена, а надворешен кој ќе се доближи, да биде убиен.«

8И му рече Господ на Арона: »Ете, Јас ти ги давам првините за возношение, од сите осветени дарови за Мене, додека од синовите Израилеви, тебе ти ги давам и на синовите твои преку вечна наредба.

9Ова нека биде ваше: од Свјатаја Свјатих, од сите нивни дарови, од сите нивни жртви, и од си поради престап, и од си поради грев; од си што Ми принесуваат Мене, од сите осветени дарови: тоа нека биде за тебе и за синовите твои.

10Тоа да го јаде секој; од машки пол може да го јаде; тоа да ти беде свето.

11И ова да биде ваше – од првините што се принесуваат, од си што се вознесува од синовите Израилевни преку вечен закон ти го дадов тебе, и на синовите твои, и на ќерките твои заедно со тебе, секој чист во куќата твоја може да јаде од тоа.

12Секоја првина од елеј, секоја првина од вино и од пченицата, – сите првини, што тие Му ги принесуваат на Господа, твои да се;

13и сите првини од плодовите на земјата нивна, што Му ги принесуваат на Господа, твои нека бидат; секој чист од куќата твоја може да го јаде тоа.

14Си ште е осветено во земјата Израилева, да биде твое.

15И си она, што ја отвора утробата во секоја плот, а се принесува на Господа, од луѓе и добиток, да биде твое: само првородените од луѓето се откупуваат за избавување, и првороденото од нечист добиток да биде откупено.

16А откупот им е: кога ќе почнеш од еден месец нагоре, според оценката твоја, земај откуп пет сикли сребрени, според свештената сикла, која има дваесет бакреници;

17но за првороденото теле и за првороденото од овците и за првороденото од козите не земај откуп: тие се свети; со крвта нивна пороси го жртвеникот, а лојот принеси го како жртва за благопријатен мирис на Господа,

18а месото нивно, пак, ти припаѓа тебе, како што ти припаѓаат градите за возношение и десната плешка.«

19Сите вознесувани свети дарови кои синовите Израилеви Му ги принесуваат на Господа, преку вечно озаконување ти ги давам тебе и на синовите твои и на ќерките твои заедно со тебе; тоа е завет скап, вечен пред Господа, даден за тебе и за потомството твое заедно со тебе.

20И му рече Господ на Арона: »Од земјата нивна ќе немаш наследство и дел нема да имаш меѓу нив, бидејќи Јас сум твојот дел и твоето наследство меѓу синовите Израилеви.

21А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од си, што има Израилот, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на сведоштвото.

22И по сево ова синовите Израилеви да не пристапуваат до скинијата на сведоштвото, за да не згрешат и да не умрат.

23Левиевите сами нека ја вршат службата во скинијата на сведоштвото и да го носат врз себе нивниот грев. Тоа е вечно озаконување во поколенијата ваши; но меѓу синовите Израилеви тие нема да добиваат дел;

24бидејќи на левитите им го давам како дел десетокот од синовите Израилеви, кој тие го принесуваат за возношение пред Господа, затоа и им реков: меѓу Израилевите синови тие нема да наследуваат дел.«

25И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:

26»Кажи им на левитите и речи им: ‚кога го земате од синовите Израилеви десетокот, кој ви го дадов од нив во дел, затоа вознесувајте Му од него возношение на Господа, од десетокот десеток, –

27и тоа веше возношение ќе ви се прими како жито од гумното и како дел од течноста;

28така и вие вознесувајте Му вознешение на Господа, од сите ваши десетоци, што ги земате од синовите Израилеви, и давајте го осветениот дар од нив за возношение Господово на свештеникот Арон.

29Од си што ви се дарува, принесувајте на Господа, од секоја првина што се осветува од него.‘

30И кажи им: ‚кога ќе принесувате жртви тоа ќе им се смета за левитите какодар од гумно и дел од течност.‘

31Можете да го јадете тоа не секое место, вие и синовите ваши и домашните ваши, зашто тоа ви е награда за вашата служба во скинијата на сведоштвото;

32и нема да погрешите ако ги принесувате првините од тоа; и не осквернувајте ги даровите за осветување од синовите Израилеви, за да не умрете.«

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help