Неемија 6 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Неемија избегнува замка.

1Кога слушна Санавалат, Товија и Гисам, Арабјанинот и другите наши непријатели, дека јас го изѕидав ѕидот, и повреда на него не остана – до тоа време, меѓутоа, не бев поставил уште врати на портите, –

2тогаш Санавалат и Гисам испратија да ми кажат: »Дојди, и ќе се сретнеме во едно од селата во рамината Оно!« Тие кроеја да ми направат лошо.

3Но јас испратив пратеници да им кажат: »Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ќе запре, ако ја оставам и слезам при вас.«

4Четирипати испраќаа при мене сѐ со таква покана и јас им одговарав исто.

5Тогаш Санавалат го испрати по мене, за петти пат, слугата свој со отворено писмо во раката своја.

6Во него беше напишано: »Глас се разнесува меѓу народите, и Гисам вели, дека божем ти и Јудејците сте намислиле да се отцепите, и поради што и го ѕидаш ѕидот и сакаш да им бидеш цар, така се зборува;

7си поставил и пророци да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да говорат: ‚цар јудејски!‘ А таквите зборови ќе дојдат до царот. Затоа дојди, и ќе се посоветуваме заедно.«

8Но јас испратив да му кажат: »Ништо такво немало, за што зборуваш; сам си го измислил со својот ум.«

9А тие сите нѐ плашеа, велејќи: »Ќе им капнат рацете од таа работа, и таа нема да се заврши.« Но јас уште повеќе си ги зацврстив рацете свои.

10Отидов во куќата на Семеја, син на Делаја, син Метавеилев, и тој се затвори и рече: »Да појдеме во Божјиот дом, внатре во храмот, и да ја заклучиме потоа вратата на храмот, зашто ќе дојдат да те убијат ноќе.«

11Но јас одговорив: »Бива ли да бега човек како мене? Бива ли така како мене да влезе во храмот, за да остане жив! Не одам.«

12Јас знаев, дека не го беше испратил Бог, – иако ми говореше пророчки, – туку дека Товија и Санавалат го беа поткупиле.

13Тој беше поткупен, за да ме упраши, да постапам така и да згрешам, та да имаат за мене лошо мислење и да ме казнат за тоа со прекори.

14Помни ги, Боже мој, Товија и Санавалата според тие нивни дела, а исто така и пророчицата Ноадија и другите пророци, што сакаа да ме уплашат?

15Ѕидот беше завршен во дваесет и петтиот ден од месецот Елум, за педесет и два дена.

16Кога слушнаа за тоа сите наши непријатели, и ги видоа тоа сите околни народи, многу се обескуражија и дознаа дека таа работа и извршена од нашиот Бог.

17Освен тоа, во тие дни повидните Јудејци, пишуваа писма и ги испраќаа до Товија, а Товиевите писма одеа при нив,

18зашто мнозина во Јудеја беа во клетвен сојуз со него, оти тој му беше зет на Сехенија, син Ираев, а синот негов Јонатан беше женет за ќерката на Месулама, син Варахиев.

19Тие говореа пред мене дури и за неговата добрина, а моите зборови му се пренесуваа нему. Товија ми испраќаше писма, за да ме уплаши.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help