2 Летописи 9 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990(MK1990)

Славата на Соломона и Савската царица.

1Савската царица, кога чу за славата Соломонова, дојде во Ерусалим да го искуша Соломона со гатанки; дојде со многу големо богатство и камили, натоварени со благопријатни мириси, многу злато и скапоцени камења. Дојде при Соломона и говореше со него сѐ, што ѝ беше на срце.

2Соломон ѝ ги објасни сите нејзини зборови, и не се најде ништо непознато за Соломона, кое да не ѝ го објасни.

3Савската царица, откако ја виде мудроста на Соломона и домот, што тој го беше изградил,

4и јадењата на трпезата негова, и живелиштата на слугите негови, состојбата на прислужниците негови и облеката нивна, пехарниците и облеката нивна, и одот, со кој тој влегуваше во домот Господов, – беше надвор од себе си.

5Тогаш таа му рече на царот: »Вистина е она што го бев слушала за твоите дела и за твојата мудрост;

6но јас не верував на нивните зборови сѐ, додека не дојдов и не видов со очите свои. И еве, ни половината не ми е кажано за твојата голема мудрост: ти ја надминуваш приказната, што сум ја чула.

7Блажени се твоите луѓе, блажени се тие твои слуги, кои секогаш стојат пред тебе и ја слушаат мудроста твоја!

8Нека е благословен Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Својот престол за цар пред Господа, твојот Бог. Поради љубовта на твојот Бог кон Израилот, за да го зацврсти засекогаш, Он те постави за цар над него, – да делиш суд и правда.«

9Потоа таа му подари на царот сто и дваесет таланти злато и големо множество благопријатни мириси и скапоцени камења: немаше нигде такви мириси, какви што Савската царица му подари на Соломона.

10Но и слугите Хирамови и слугите Соломонови, кои го донесоа златото од Офир, донесоа и црвено дрво и скапоцени камења.

11Царот од тоа црвено дрво направи скали за домот Господов и за царскиот дом, и гусли и псалтири за певците. Такво нешто не беше видено пред тоа во земјата Јудејска.

12А царот Соломон ѝ даде на Савската царица, сѐ што посака и пожела, освен такви работи, какви што таа му беше донела. Пота таа се врати во својата земја со слугите свои.

13Мерката на златото, што му доаѓаше на Соломона во текот на една година, беше шестотини и шеесет таланти.

14Освен тоа, донесуваа уште и поданици и трговци, и сите цареви арапски и обласни началници му донесуваа злато и сребро на Соломона.

15И направи царот Соломон двесте големи штита од ковано злато – по шестотини сикли злато за секој штит, –

16и триста помали штита од ковано злато – по триста сикли злато за секој штит; и царот ги постави во домот од ливанско дрво.

17Царот направи и голем престол од слонова коска, и го обложи со чисто злато,

18и шест степеника до престолот и златно подножје, изградено заедно со престолот, и потпирки од двете страни на седиштето, и два лава, што стојат до потпирките.

19И уште дванаесет лава што стојат таму од двете страни на шесте степеника. Таков престол немаше во ниедно царство.

20Сите садови од кои пиеше царот Соломон беа од злато, и сите садови во домот од ливанско дрво беа од чисто злато; од сребро немаше ништо, зашто среброто во Соломоновото време не се ценеше многу.

21Бидејќи царски кораби одеа во Тарсис со слугите Хирамови и секои три години корабите се враќаа од Тарсис, па донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.

22Така царот Соломон ги надмина сите земни цареви по богатството и по мудроста.

23Сиет земни цареви сакаа да го видат Соломона, за да ја послушаат мудроста негова, која Бог ја беше внел во срцето негово.

24И секој од нив донесуваше со себеси дар: сребрени садови и златни садови, облека, оружја, благопријатни мириси, коњи и маски – секоја година.

25Соломон имаше четири илјади стаи за коњи и коли и дванаесет илјади коњаници; ги беше населил по колските градови и при царот – во Ерусалим.

26Владееше над сите цареви – од реката Еуфрат до Филистејската земја и до Египетските предели.

27Царот направи и златото и среброто во Ерусалим да бидат рамноценети со обичните камења, а кедрите, поради нивното множество, ги направи рамноценети со смоквите во низините.

28Коњи му дотеруваа на Соломона од Египет и од сите земји.

29Другите дела Соломонови, први и последни, опишани се во записите на пророкот Натана и во пророштвото на Силомаецот Ахија и во виденијата на јасновидецот Јоила за Јеровоама, Наватовиот син.

30Соломон царуваше во Ерусалим над сиот Израил четириесет години.

31Почина Соломон при татковците свои, и го погребаа во градот на татка му Давида. А место него стана цар синот негов Ровоам.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help