1Синко, внимавај на мудроста моја и приближи го увото кон зборовите мои,
2за да ја запазиш добрата мисла, и устата твоја да го зацврсти знаењето; не ѝ обрнувај внимание на лошата жена,
3зашто мед тече од устата на блудница, и нејзиниот збор е помек од елејот;
4но последиците од неа се горчливи како пелин, остри како меч со две сечива;
5нозете нејзини слегуваат кон смртта, стапките нејзини водат до пеколот.
6Таа не оди по патот на животот, патиштата нејзини се непостојани, таа не е разумна.
7Затоа сега, синко, послушај ме и не отстапувај од зборовите Мои.
8Држи го подалеку од неа патот свој и не приближувај се до вратата на куќата нејзина,
9за да не си го дадеш животот свој на друг и годините свои на мачител;
10за да не се наситуваат туѓинците од твојата сила, и трудовите твои да не бидат за туѓа куќа,
11за да офкаш отпосле, кога плотта твоја и телото твое ќе бидат истоштени, –
12оти потоа ќе речеш: »Зошто ја мразев поуката, и срцето мое го презираше разобличувањето,
13зошто не го послушав гласот на моите учители, и не го приклонував увото кон оние што ме поучуваа?
14За малку ќе паднев во секакво зло среде собранието и општеството!«
15Пиј од водата на твојот извор и од онаа, што извира од твојот кладенец.
16Нека не се разлеваат твоите извори по улицата, водните потоци – по плоштадите;
17нека ти припаѓаат тие само тебе, а не и на туѓинци.
18Благословен да биде изворот твој; и утешувај се со жената на својата младост,
19Нека ти е мила како кошута и како срна драга; нејзините гради нека те допираат во секое време, со љубовта нејзина насладувај се постојано;
20и зошто ти е, синко, да се забавуваш со надворешна и да ги прегрнуваш градите на туѓа?
21Оти патиштата на човекот се пред очите на Господа, и Он ги гледа сите патеки негови.
22Беззаконикот го фаќаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гревот негов го држат:
23тој умира без да биде поучен, и поради големото свое безумие загинува.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
